Фројдов тест: Кои ви се најголеми приоритети во животот?

Фројдов тест: Кои ви се најголеми приоритети во животот?

Секој од нас има различни приоритети кои можат да се одредат со помош на некои тестови. Овој тест од познатиот психоаналитичар Зигмунд Фројд покажува како секојдневните обични активности можат да откријат што ни е најважно во животот.

Решете го овој тест и дознајте кое е вашето гориво кое ве движи напред во животот.

Дома сте и во исто време се случуваат 5 различни работи на кои треба да изреагирате. По кој редослед ќе им посветите внимание?

  1. Ѕвони телефонот.
  2. Вашето дете почнува да плаче.
  3. Некој ви тропа на врата или ве довикува од надвор.
  4. Алиштата ви се сушат на балкон, а почнува да паѓа силен дожд.
  5. Водата која сте ја пуштиле од чешмата почнува да се прелева од лавабото.

Запишете го редоследот по кој ќе ги решите работите и дознајте ги резултатите. Секоја точка означува одреден аспект од вашиот живот. Избраниот редослед ги одредува вашите приоритети.

  • Резултати

    Телефон – работа
    Дете – семејство
    Врата – пријатели
    Алишта – пари
    Чешма – секс

Изненадени сте од резултатите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар