Фотографка од Москва го напуштила удобниот живот и сега живее во шума со 100 кучиња

Фотографка од Москва го напуштила удобниот живот и сега живее во шума со 100 кучиња

Дарја Пушкарева, позната фотографка, решила да го напушти нејзиниот живот во Москва и да се пресели во шумата. Таа и нејзиниот сопруг овде сакаат да создадат одличен живот за кучиња кои биле напуштени, кои остареле или немаат можност за среќен живот на друго место.

Фотографка од Москва живее во шума со 100 кучиња

Дарја работела неколку години во филмската и фотографската индустрија и станала позната личност во областа. Животот ѝ бил исполнет со чести посети на ресторан, бројни состаноци, скапа облека, луксузни патувања и се разбира, многу работа. Но, таа сонувала за нешто друго.

Кога одела на училиште и кога ја прашувале што ќе биде нејзината идна професија, таа секогаш кажувала дека сака да води засолниште за кучиња. Но, исто така и се плашела од кучиња. Секогаш кога ги гледала на улицата ги избегнувала, дури и како возрасна. Сепак нејзината љубов кон кучињата продолжувала да расте.

Фотографка од Москва живее во шума со 100 кучиња

Стравот на Дарја со текот на времето исчезнал, но бидејќи имала навистина зафатен распоред, немала можност да чува нејзино куче. Наместо тоа почнала да волонтира во засолништа. Еднаш таа видела реклама со кученце на која се барале околу 180 евра за посета на очен лекар. Таа и нејзиниот сопруг решиле да испратат пари, но добиле одговор дека немало кој да го однесе кучето на ветеринар. Веднаш ја донеле одлуката, па тие самите го однеле кучето на ветеринар и тоа останало во нивното семејство.

Фотографка од Москва живее во шума со 100 кучиња

Потоа, како што кажува Дарја, кучињата самите почнале да си го наоѓаат патот до кај неа. Некои доаѓале право во нејзиниот дом, а некои дури ѝ се појавувале и на работа. Животот на девојката драстично се променил кога се појавило седмото куче. Кучето било навистина агресивно. Напаѓало луѓе и поради повреда на мозокот чувало невидливи предмети. Секоја сеанса со експертите била залудна и Дарја била советувана да го успие кучето. Сепак, не можела да го направи ова и решила да го стави во кафез. За тоа требало да побараат куќа надвор од градот.

Фотографка од Москва живее во шума со 100 кучиња

Дарја, нејзиниот сопруг и нејзините кучиња промениле 2 куќи, продолжиле да ги работат нивните работи и го зголемиле бројот на кучиња во семејството. Но кучињата правеле многу врева и соседите биле загрижени. Тогаш Дарја решила да се преселат во шума. Нашле земјиште во близина на село во кое живееле и се преселиле таму.

Фотографка од Москва живее во шума со 100 кучиња

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар