Фотографирањето на овие познати места може да ве однесе во затвор
Популарните туристички дестинации се одлични места за да направите по некоја фотографија за вашиот профил на Инстаграм која ќе добие многу лајкови. Но, постојат и места во светот каде фотографирањето е забрането, или пак треба да се добие посебна дозвола за тоа и ако не се почитува ова правило, туристот може да се соочи со голема парична или затворска казна. Доколку имате среќа да патувате во некое од следниве места, внимавајте на правилата и не ризикувајте да бидете казнети.
1. Таџ Махал
Дозволено е да го фотографирате само однадвор, додека кога сте внатре, постојано во чекор ве следат чувари кои треба да интервенираат доколку забележат дека некој има камера. Сепак, поради големиот број туристи, некогаш овие чувари не можат да имаат сè под контрола, па може да се случи да налетате на фотографија од внатрешноста на Таџ Махал на нечив Фејсбук или Инстаграм.
2. Кумсусан – Палатата на Сонцето
Се наоѓа во Пјонгјанг и во неа се зачувани реликвии од минатото на Северна Кореја, од униформи, воени возила, па до мртви тела на важни личности. Токму така, во оваа палата се наоѓаат телата на таткото и дедото на Ким Џонг-ун. Стражарите детално ќе ве претресат, а ќе поминете и низ машина која ќе ја истресе прашината од вас, за да се избегне контаминација.
3. Голден Гаи во Токио
Голден Гаи се наоѓа во областа Шинјуку во Токио и всушност е тесна уличка со многу светлечки знаци. Всушност, многумина тука без проблем фотографирале, а владее и популарно верување дека забраната постоела некогаш одамна, кога Голден Гаи била уличка на проститутки, но никој не се потрудил да ја укине или ревидира, иако нив веќе ги нема.
4. Националниот парк Улуру-Ката Тјута
Во овој национален парк во Австралија се наоѓа спектакуларната карпа која постојано воодушевува голем број туристи. Од неодамна, забрането е искачување на карпата, но она што уште не го знаат сите е дека е забрането и фотографирањето. Паркот припаѓа на народот Анангу и според нив, комерцијализацијата на Улуру ја руши светоста и културата. Фотографирање е дозволено само за лични потреби и фотографиите не смее да се објавуваат на социјалните мрежи.
5. Претседателската палата во Абу Даби
Туристите може да ја гледаат оваа палата само оддалеку, а фотографирањето е строго забрането. Единствени достапни слики се оние кои претседателот самиот ги има одобрено за објавување и компјутерските симулации на градбата. Законот е толку строг, што се случило турист да одлежи четири месеци во затвор поради фотографирање оддалеку.
Погледнете ги и овие нелегални фотографии од Северна Кореја кои ни покажуваат како живеат тамошните луѓе.