Фотографииве ќе ве подзамислат: Деца од сиромашни и богати семејства ширум светот ги покажуваат омилените играчки
Доколку сакате подобро да го разберете светот, треба внимателно да погледнете во домовите на луѓето, а играчките на децата се одлична појдовна точка. „Dollar Street“ е проект на фондацијата Гепмајндер, за чии потреби биле посетени 264 домови, во 50 земји ширум светот, со различно ниво на домашни приходи, со цел да се фотографираат предметите коишто ги поседуваат. Во секој дом, фотографите направиле фотографии од 135 предмети, како што се чевлите на членовите од семејството, четките за заби или играчките на децата.
Овие фотографии, ни овозможуваат еден интимен поглед во животите на стотици фамилии од разни делови од светот, со домашни приходи од 40 до 2.500 евра месечно. Интересно е да се забележи, дека разликата во домашните приходи, кај различни семејства е застрашувачки голема, а сепак постојат и сличности во начинот на којшто живеат.
„Неверојатно е да се види, колку се слични нашите животи. Луѓето од другите култури, честопати се сметаат за страшни или егзотични. Оваа перспектива мора да се промени. Со овој проект, сакавме да прикажеме како луѓето живеат со различни домашни приходи и сметавме дека тоа најдобро ќе го постигнеме со ваквите фотографии. Овој проект, ви овозможува да посетите многу домови низ светот, без да патувате“, објаснува Ана Рослинг Ронланд, којашто е косопственичката на Кемпфајндер.
Во продолжение, погледнете ги некои од омилените играчки на децата ширум светот.
Во едно семејство во Буркина Фасо, Западна Африка коешто има месечни примања од 25 евра по возрасен, омилената играчка на детето, е оваа стара гума
Во семејство во Република Бурунди, Источна Африка, со месечни примања од 25 евра по возрасен, детево обожава да си игра со оваа сува пченка
Детето на сликава ја држи во раката својата омилена играчка, а живее со семејство во Индија, во кое возрасните заработуваат по 26 евра месечно
Во едно семејство од Зимбабве, кое живее со 29 евра по возрасен, омилената детска играчка е оваа домашно изработена топка
Во ова семејство во Хаити, возрасните заработуваат по 33 евра месечно. Омилената играчка на детето е количка, направена од рециклирана пластика
Во семејство од Зимбабве, кое живее со месечни примања од 35 евра по возрасен, детето обожава да си игра со овој мал автомобил
Омилената играчка на ова дете од Хаити, е овој обрач. Тоа живее во семејство, со месечни примања од 36 евра, по возрасен
Погледнете ги останатите фотографии на следната страница…