Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата - Part 3

Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата

11. Како изгледа грбот на репортер

Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата

На фотографијата можете да ја видите целата опрема што му е потребна на еден репортер, која е одлично сокриена од гледачите.

12. Некои морски ѕвезди имаат форма на квадрат поради дефект при раѓање

Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата

Знаевте ли дека постојат околу 1.500 видови морски ѕвезди кои ни се познати досега? Тие можат да живеат на длабочина до 6.000 метри.

13. Преработена фотографија од вирус направена со електронски микроскоп

Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата

Ова страшно суштество му припаѓа на семејството бактериофаги. Фредерик Творт ги открил во 1915-та година, а Феликс Дерел независно го направил истото во 1917-та. Во 1940-та година бактериофагите за прв пат биле видени под микроскоп и дури тогаш научниците сфатиле како работат. Овој вирус инфицира бактерии и не може да преживее и да се размножува без нив.

14. Празен авион Боинг 787

Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата

Овој авион може да смести од 242 до 335 патници. Иако компанијата денес нема најдобра репутација поради лошите безбедносни мерки на авионот 737, Боинг 787 бил вистински комерцијален успех.

15. Внатрешноста на скафандер

Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата

Неколку интересни факти за скафандерите споделени од НАСА:

  • Скафандерот тежи околу 127 килограми на Земјата кога е празен. Во средина со микрогравитација, скафандерот не тежи воопшто.
  • Облекувањето на скафандерот трае 45 минути.
  • Причината што скафандерите се бели е тоа што белата боја ја рефлектира топлината во вселената исто како и на Земјата. Температурата на директна сончева светлина во вселената може да биде над 135 степени Целзиусови.
  • Нема разлика помеѓу машките и женски скафандери, иако обично женските се помали.
  • Скафандерот е направен со многу променливи делови, со цел да можат да го користат повеќе астронаути со различна големина.
  • Се мерат димензиите на секој астронаут според кој се права скафандерите. Оделата за тренинг најчесто се составени 9 месеци пред летот, а оделата за летање се составуваат околу 4 месеци пред летот.

Прочитајте ги и овие чудни факти кои се покажале како вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар