Фотографии од луѓе кои живееле над 100 години: Цела ера во една животна приказна
Чешкиот фотограф Јан Лангер направил неверојатен проект наречен „Лицата на векот“. Тој фотографирал луѓе кои живееле повеќе до 100 години и потоа ги споредувал фотографиите со оние од нивните домашни албуми. За време на фотографирањето тој ги прашувал овие луѓе како го гледаат животот низ годините кои ги преживеале. Повеќето од нив изјавиле дека времето се движи побрзо секоја година. Јан ги прашувал за осаменоста во староста, како и за сеќавањата кои засекогаш останале во нив. Тој сфатил дека дури и после 100 години, личноста и идентитетот на овие луѓе се исти како на првата фотографија.
1. Власта Чижкова, 23 години и 101 година
На левата фотографија Власта само што завршила средно училиште. Подоцна работела како готвачка на аеродром. Сега живее во село, а во соседството се сите нејзини роднини. Таа е заинтересирана за политичката ситуација во светот. Понекогаш ја посетувале далечните роднини, но луѓето кои ѝ се блиски ги гледала речиси секој ден. Таа има многу неверојатни сеќавања. Таа се возела во камион кој го удрил синот на Рајнхард Хејдрих, заштитувала руски војници во нејзиниот дом по ослободувањето, нејзиниот син бил уапсен во 1948 година и читала нејзини поеми на свадби. Повеќе од сè, таа сака нејзиното семејство да биде заедно.
2. Мари Бурешова, 23 години и 101 година
Тешко е да се поверува дека девојката во венчаница работела како касап. Денес таа живее во нејзината куќа сама, а нејзините ќерка, зет и внука ја посетуваат секој ден. Нејзиното најјасно сеќавање е национализацијата на нејзината компанија. Таа би сакала нејзиното семејство да се собира почесто.
3. Прокоп Вејделек, 22 години и 101 година
Првата фотографија е направена додека бил во војска. Прокоп бил инженер, а сега живее на фарма која ја направила неговата ќерка. Луѓето кои му се најдраги, ќерка му, зет му и внукот, живеат веднаш до него. Тој признава дека омилено сеќавање од младоста му е вкусот на топлото козјо млеко. Прокоп на сите им посакува добро здравје и среќа.
4. Ана Почобрадска, околу 30 години и 100 години
Ана работела на фарма, а сега живее во дом за старци. Најдобро се сеќава на периодот кога била млада и можела сама да се грижи за себе. Иако нејзината ќерка ја посетува секој викенд, таа се чувствува осамено. Таа сака да спие и вели дека еден ден сака да заспие и да не се разбуди.
Продолжува на следната страница…