Фотографии од луѓе кои биле малтретирани поради тоа што ги рушеле традиционалните стандарди за убавина
Иако убавината има различно значење за сите луѓе, постојат одредени стандарди кои многумина се обидуваат да ги исполнат. Постојат црти на лицето, типови тела, боја на очи и коса кои се сметаат за класично убави и сѐ што отстапува од нив, се смета за лошо и поинакво. Франческ Плејнс, 22-годишен фотограф од Шпанија, решил да го смени сето ова.
Тој започнал со серија фотографии насловена како „Нормално“ (Normal). Имено, фотографот документирал тела кои не се вклопуваат во рамките на „стандардната убавина“. Франческ ги фотографирал луѓето во нивната најранлива и најчиста состојба – голи. Главната идеја на овој проект е да се прифатат нештата кои не се „нормални“, но се прекрасни и уникатни. Погледнете дел од неговите фотографии што несомнено ќе ви го сменат мислењето за луѓето кои се поинакви од вас…
На Џорди му било отстрането окото кога бил дете, поради тумор. Денес, тој има протетичко око
Алба Парехо била родена со повеќе од 500 бенки и темна влакнеста кожа насекаде по телото
Продолжува на следната страница…