Фотографии од 50-тите години ни откриваат како бебињата патувале во авионите
Постојат жестоки дискусии околу тоа дали треба да има посебно место за бебињата во авионите и за тоа дали родителите треба да им даваат чоколади на другите патници. Но, едно е сигурно – авиокомпаниите треба да се трудат да бидат што е можно попријатни за сите патници, вклучувајќи ги и бебињата.
На неколку ретки фотографии од 1953 година, со цел да се обезбеди најдобро можно искуство при летањето, можеме да забележиме неверојатни инженерски решенија за најмладите патници. Како што укажуваат официјалните стари фотографии, Британската прекуморска авионска корпорација (BOAC) отишла еден чекор подалеку за да им обезбеди задоволство на клиентите. Оваа компанија, која е претходник на Бритиш Ервејс, развила импровизирано креветче за бебиња за патување на долги дестинации. Ако било потребно, овие креветчиња можеле да бидат закачени на преградите за багаж, овозможувајќи му на бебето да спие удобно и безбедно (дизајнот на креветчето спречувал бебето да падне). Сепак, детето требало да биде придржувано од страна на родителите при полетување или следување. Истата постапка продолжила и до ден денес.
Иако денес авиокомпаниите обезбедуваат слични кревети за бебиња, повеќето од нив се закачуваат на местото на преградите. Можеби луѓето би требало помалку да се жалат за местото на децата во авионите и да бараат подобри начини за да го подобрат летањето за сите, зар не?