Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови
Помина и последната можност за овој век за набљудување на еден прекрасен астрономски настан. На 5-6 јуни, 2012 (во зависност од вашата локација), Венера на само еден ден беше видлива со голо око од Земјата. Набљудувачите можеа да ја забележат како мала црна точка која поминува пред Сонцето.Транзитите на Венера се многу ретки, тие се појавуваат на неколку стотици години. Од 2000 година п.н.е, па сè до денес имало вкупно 53 од кои по појавата на првиот телескоп во 1608 година, само 6 биле набљудувани од страна на луѓето. Овие ретки фасцинантни настани се случуваат во парови, од кои овој пат првиот транзит беше на 8 јуни 2004. Следната можност ќе биде дури на 10-11 декември, 2117 година.Џеремаја Хорокс и Вилијам Крабтри, двајца млади астрономи од Англија ги евидентирале првите опсервации на транзитот во 1639 година. Во 1769 година, група на научници ги употребиле сите записи низ светот за овој настан за да ја искалкулираат оддалеченоста на Земјата од Сонцето и на тој начин ја утврдиле точната големина на сончевиот систем.
„Низ историјата, астрономите на многу креативен начин ги употребувале овие случајности на природата како можности за учење на нешто ново за универзумот,“ вели научничката Натали Батала. Овој пат, научниците транзитот го употребиле за откривање на планети надвор од нашиот сончев систем.
„Solar Dynamics Observatory“ – летало наменето за истражување на Сонцето, стои позади оваа низа на фотографии кои се снимени на неколку бранови должини, од екстремна ултравиолетова светлина до мал дел од видливиот спектар.Доколку не успеавте да го проследите овој настан, погледнете го и ова видео кое ќе ви долови мал дел од специфичноста и уникатноста на кратката „прошетка“ на Венера по нашето небо…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Vrska nema, videte go videoto, kako Venera iako e crna, malku e prozracna i se gleda ivicata od sonceto. Vakva animacija moze sekoj amater sto malku se razbira od 3d i vizuelizacija da napravi
Всушност овие снимки се направени од летало кое се наоѓа во близина на сонцето и беа објавени на официјалната страна на НАСА. Сите чудни „ефекти“ кои се појавуваат се само последица на различните филтри кои се употребувани при снимање. И секако не верувам дека организација како НАСА со толку летала во сончевиот систем како и телескопи на и вон Земјата би се замарала со правење на комјутерски анимации за кои би велеле дека се вистински снимки или фотографии 🙂