Фотограф од Мексико открива што се случува зад неговите совршени фотографии
Дали се сеќавате на првата фотографија што сте ја направиле со фотоапарат? Веројатно се сеќавате дека имавте само една шанса за фотографирање и никогаш не можевте да предвидите како ќе изгледа испечатената верзија. Дали се сеќавате на вашата прва селфи фотографија? Сигурно била со толку лош квалитет, што не се ни познавало дека сте вие.
Сега, за споредба, размислете за фотографиите што ги правите денес и што ги објавувате на социјалните мрежи. Технологијата напреднала многу, па денес секој може да стане фотограф. Сè што ви е потребно е креативност.
Мексиканскиот фотограф Омахи решил да открие што се случува зад неговите совршени фотографии. Иако е професионалец, кога ќе ја дознаете вистината, сигурно ќе бидете барем малку мотивирани. Ќе сфатите дека можете да направите одлична фотографија во секакво опкружување, со многу креативност и малку Фотошоп. Никој не мора да знае дека вашиот совршен портрет сте го направиле во тоалетот. Погледнете ги креативните идеи на Омах, па можеби и вие ќе станете следниот познат фотограф.
Продолжува на следната страница…