Фотограф 9 години фотографира луѓе кои одат на работа, а резултатот ќе ве натера да размислите
Данскиот фотограф Питер Фунч правел фотографии од истото место во исто време цели 9 години. Подоцна открил дека ја фотографирал истата личност неколку пати, а таа личност изгледала речиси идентично на фотографиите направени пред неколку денови. Ова откритие се претворило во неверојатен проект наречен „42nd and Vanferbilt“.
Фотографиите опфаќаат период од 2007-ма до 2016-та година и биле направени помеѓу 8:30 и 9:30 часот наутро во Њујорк. Додека ги уредувал фотографиите, фотографот открил дека секојдневното фотографирање на истото место во исто време дава изненадувачки резултат – ги гледате истите луѓе како ги повторуваат истите ритуали низ годините.
Уличната фотографија може да биде непредвидлива и полна со изненадувања. Веројатно не ни сфаќаме дека ден по ден, година по година, го правиме истото нешто, ја јадеме истата храна, пиеме кафе од истата продавница, имаме иста фризура, па дури и носиме облека со иста боја.
Кои се овие луѓе? Дали се тажни? Дали се среќни? Не е важно, тие се случајни минувачи на зафатена улица и се дел од нас. Обични луѓе кои имаат обична утринска рутина, брзаат на работа и се подготвуваат за напорниот ден, притоа изгледајќи исто секој пат. Дали ова е клише или истрајност, одберете сами.
За многу фотографии ќе помислите дека се направени во интервал од неколку минути, и се разбира ќе бидете грешка. Сте го провериле ли вашиот гардеробер за да видите дали имате облека само во една боја?
Фотографот исто така открил дека многу луѓе го имаат и истиот израз на лицето секое утро. Дури можете да играте и игра – кои мислите дека се луѓето на фотографиите и што работат?
Погледнете ја и оваа улична уметнот која тера на размилување.