Формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер

Формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер

Дали сте се обиделе навистина да ја забележите формата на вашето лице? Освен ако немате уникатна форма, веројатно не ни обрнувате многу внимание на тоа. Сигурно сите лица ви изгледаат тркалезни. Но, постојат многу разни форми на лице. Формата, меѓу другото, може да ви покаже која фризура би ви стоела најдобро, како и да ви открие нешто интересно за вашиот карактер. Откријте ја вашата форма и погледнете што таа кажува за вас.

1. Дијамант

(1)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Лицето на овие луѓе е пошироко во средината и потесно кај челото и брадата. Ѕвездите како Тејлор Свифт и Кира Најтли ја имаат оваа форма. Овие луѓе одлично се справуваат со зборовите и имаат многу добри комуникациски способности. Покрај тоа, тие се и перфекционисти. Ова е одлична особина за на работното место, но понекогаш желбата за успех може да доведе до создавање преголем притисок.

2. Овално лице

(2)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Ако имате овална форма, тогаш вашето лице е подолго отколку што е широко. Оваа форма е најчеста и најпосакувана поради нејзината пропорционалност. Луѓето со вакво лице се прагматични и често имаат преголеми очекувања за себе и за другите. Ѕвездите како Бијонсе и Елизабет Тејлор ја имаат оваа форма.

3. Квадрат

(3)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Луѓето со овие лица имаат изразена вилица и широко чело. Оваа форма ја имаат Камерон Дијаз и Анџелина Џоли. Овие луѓе се родени лидери и подобро се справуваат со стресот од останатите. Тие се исто така и духовити и секогаш ги завршуваат големите проекти до крај.

4. Срце

(4)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Ако имате вакво лице, вашето чело е пошироко, а вашата брада е потесна. Оваа форма се смета за математички најубава. Не е изненадување што овие луѓе имаат големо срце и се навистина креативни. Тие понекогаш можат да бидат и тврдоглави и секогаш си стојат на своето. Рис Витерспун и Скарлет Јохансон имаат лице со форма на срце.

5. Триаголник

(5)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Луѓето со оваа форма имаат поголема вилица од челото. Тие се многу страсни и навистина креативни. Со ова доаѓа и чувствителноста. Џенифер Анистон и Тајра Бенкс се познатите дами со оваа форма на нивното лице.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар