Фока без уши гушка кадифена играчка која наликува на неа
Постојат многу слатки животни ширум светот кои пленат со својата убавина, но оваа фока без уши која гушка кадифена верзија од себе, дефинитивно е едно од најубавите нешта што сте ги виделе во последно време.
Оваа прекрасна фока живее во Јапонија и ѝ била дадена играчка која наликува на неа. Вработените во центарот каде што се одгледувала, воопшто не очекувале дека оваа фока, која била спасена откако доживеала повреда, толку многу ќе се приврзе за својот нов пријател.
Таа со задоволство ја гушкала помалата верзија од себе, а дури ја носела и на грбот. Оваа слатка љубовна приказна брзо станала популарна на социјалните мрежи и стопила милиони срца ширум светот.
Како доказ дека дури и животните кои имаат одредени маани може да бидат слатки, погледнете ја оваа мачка со едно око која зрачи со убавина.