Флексибилна перница која ви прави друштво за спиење
Сите сме навикнати да спиеме со перница, бидејќи така ни е најудобно и покрај тоа што многу доктори советуваат да не се користи. На некои од нас, покрај удобната перница, ни е потребно и друштво за спиење, затоа што не сакаме да спиеме сами. За да го реши проблемот со осаменоста, мичигенскиот дизајнер Миа Чинели создала примамлива перница, различна од сите досега, по својот облик и креативната идеја.Перницата „The Loop“ има облик на широка цевка, која е прилагодлива според вашите потреби за гушкање. Па, доколку немате друштво додека сонувате, оваа перничка ќе направи да се почувствувате како да го делите креветот со некој друг, а истовремено ќе ви обезбеди и голема удобност.Оваа перница ќе внесе малку забава во вашата спална соба, а можете да ù најдете и други креативни примени. Сè зависи од тоа колку широка имагинација поседувате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Оваа е баш за мене.
Forever Alone перница
like 🙂