Фитнес инструкторка го воодушеви интернетот со своето искрено признание
Доколку сте побарале фитнес мотивација на социјалните мрежи, сигурно сте го забележале профилот на Јанка Будимир, фитнес инструктора која е вистински пример за здраво тело и дух. Оваа црнокоса убавица секојдневно се обидува да пишува и да зборува за здравиот живот и правилната исхрана и да ги мотивира сите дами да се покренат и да го доведат своето тело до совршенство. Меѓутоа, овој пат влијателната фитнес инструктора ни го привлече вниманието со фотографии и објава во која отворено зборува за проблемите со кожата и во таа прилика ги охрабри сите девојки да се прифатат себеси и своите несовршености, бидејќи токму тие нè прават посебни.
Всушност, Јанка пред две години се соочила со дерматолошко заболување што е физичко видливо кога нема шминка на лицето. Токму заради тоа оваа убавица решила да им се обрати на сите кои патат од сличен проблем и да им пренесе една доста важна порака, а тоа е дека не треба да се кријат и да се срамат од своите „несовршености“. Прочитајте што има таа да каже…
Доказ за тоа дека треба да ги прифатиме нашите несовршености е и оваа силна порака на една мајка поради која нејзината ќерка засекогаш ќе ѝ биде благодарна.