Филмски парови кои обожаваме да ги гледаме заедно на големото платно
Признаваме, и понатаму сме опседнати со „Ла Ла Ленд“ и неверојатната љубовна приказна помеѓу Ема Стоун и Рајан Гослинг. Но, дали сте знаеле дека ова им е трет заеднички љубовен филм поради кој повторно се заљубивме во овој совршен актерски пар? Токму нивната соработка нè наведе да размислиме кои други актерски парови изгледаат така сјајно заедно што едноставно е штета да ги разделат и да ги спојат со други актери. Со таа цел ја создадовме оваа листа на која секако се наоѓаат Ема и Рајан, но и уште многу други познати имиња. Дали вие би додале уште некого?
Ема Стоун и Рајан Гослинг
Заеднички филмови: „Луда, глупава љубов“ (Crazy, Stupid Love), „Мафијашки одред“ (Gangster Squad) и „Ла Ла Ленд“ (La La Land)
Тешко е да избереме кој од овие филмови најмногу ни се допадна, но едно е сигурно – секоја нивна заедничка сцена во нас будеше пријатно ежење, а токму поради овој пар секојпат одново би поверувале во љубовта. А како и не би поверувале кога љубовта во овој случај е самиот Рајан?
Џенифер Лоренс и Бредли Купер
Заеднички филмови: „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook), „Серена“ (Serena), „Џој“ (Joy) и „Американска измама“ (American Hustle)
Иако Џенифер и Бредли не се љубовен пар во сите овие филмови, тоа не ги спречило во секоја улога да го дадат својот максимум и со тоа целосно да нè воодушеват. Добрите актери едноставно не треба да ги менуваме!
Џулија Робертс и Ричард Гир
Заеднички филмови: „Убава жена“ (Pretty Woman) и „Невеста бегалка“ (Runaway Bride)
Нивните заеднички филмови се класика. Доколку во некој случај сѐ уште не сте ги изгледале, тогаш задолжително организирајте еден филмски маратон. Едноставно, Ричард Гир е фраер кој нема рок на траење.
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем
Заеднички филмови: „Шунка, шунка“ (Jamón, Jamón), „Вики Кристина Барселона“ (Vicky Cristina Barcelona) и „Советник“ (The Counselor)
Тие се неверојатен пар на филмското платно, и токму нивниот прв заеднички филм ги споил и како животен пар, односно како сопруг и сопруга. Па, зарем не е олеснувачки тоа кога на филмот можеш да се бакнуваш со својот сопруг? Освен тоа, веруваме дека во тој случај улогите се 100% уверливи.
Мег Рајан и Том Хенкс
Заеднички филмови: „Џои наспроти вулканот“ (Joe Versus Volcano), „Несоница во Сиетл“ (Sleepless in Seattle) и „Имате пошта“ (You’ve Got Mail)
Различните улоги во кои се најде оваа двојка докажуваат дека Мег и Том навистина можеме да ги гледаме во што било. Баш како и со Џулија и Ричард, секој нивен филм е класика која мора да ја погледнете!
Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо
Заеднички филмови: „Титаник“ (Titanic) и „Револуционерен пат“ (Revolutionary Road)
После Ема и Рајан, ова ни е дефинитивно еден од најомилените филмски парови на сите времиња! Дали сме единствените кои и понатаму се нервираат што Кејт и Лео не се заедно во приватниот живот или што барем еден нивен заеднички филм нема среќен крај?
Преминете на следната страница за останатите филмски парови…