Феноменот ореол околу месечината
Постојат многу интересни феномени поврзани со боите на месечината од кои најмногу се издвојува феноменот сина месечина. Но, дали некогаш сте забележале огромен прстен од светлина околу неа? Всушност ако го погледнете подобро, може дури и да ви наликува на виножито кое кружи околу месечината. Што е тоа што се случува во атмосферата кое го предизвикува овој несекојдневен ореол на ноќното небо?Прстенот околу месечината настанува од прекршувањето на месечевата светлина (која всушност е сончева светлина) низ ледените кристали кои се наоѓаат во горната атмосфера. Овие ледени кристали имаат шестаголна форма, па затоа секогаш ја прекршуваат светлината под ист агол. Секако, атмосферата е преполна со кристали и прекршувањето на месечевата светлина се одбива во сите насоки. Но, во еден момент може да се случи голем дел од неа да биде директно насочена кон вашите очи. И бидејќи не сте во можност да ја видите целата светлина, пред вас се формира прстен околу месечината.Ако ореолот ви наликува на виножито, вие всушност гледате различни бои кои се прекршуваат при незначително поразличен агол. Месечевиот ореол секогаш ќе биде со иста големина, околу 22 степени на небото. Полната месечина опфаќа простор од околу пола степен, па според тоа ореолот би се протегал на простор кој е 44 пати поголем од неа. Ова се случува бидејќи кристалите го искривуваат оригиналниот пат на светлината под агол од 22 степени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.