Фенг шуи препораки: Овие се најдобрите бои за вашата влезна врата

Фенг шуи препораки: Овие се најдобрите бои за вашата влезна врата

Влезната врата може да влијае многу на расположението, благосостојбата, здравјето и просперитетот. Таа е еден од најважните делови на куќата и треба да биде уредена и убава. Во фенг шуи, влезната врата го означува главниот портал преку кој можете да добиете позитивна енергија. Исто така, предниот влез го симболизира вашето лице кон светот и влијае на тоа како ве гледаат другите.

1. Црвена

Црвената е веројатно најпопуларната боја за влезна врата инспирирана од фенг шуи. Во фенг шуи, црвената боја претставува среќа, заштита и енергија. Огнениот елемент може да ви помогне да се истакнете, да бидете видени и да внесете инспирација во вашиот дом.

2. Жолта

Оваа боја е поврзана со земниот елемент, кој се однесува на грижата за себе, заземјувањето и целокупната благосостојба. Оваа боја е одлична за влезна врата ако сакате да внесете поголема стабилност и смиреност во вашиот дом.

3. Светлосива или бела боја

Сивата и белата се бои на металниот елемент. Енергијата на металот предизвикува прецизност, убавина и елеганција. Покрај тоа, белата боја ја поттикнува радоста.

4. Црна

Водата е елемент кој е поврзан со длабока мудрост и со црната боја. Оваа темна боја можете да ја користите за вашата влезна врата со намера да апсорбира и да привлече позитивна енергија и просперитет за вас и за вашето семејство.

5. Сина или зелена боја

Сината и зелената боја ја претставуваат енергијата на дрвото во фенг шуи. Дрвениот елемент поттикнува раст, љубезност и флексибилност. Живописните бои внесуваат енергија и можат да ја подобрат атмосферата вашиот дом.

Прочитајте ги и овие фенг шуи правила за уредување на влезот во домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар