Фенг шуи открива што значи кога често кршите предмети низ домот
На сите им се случува да скршат сад или да изгубат нешто низ куќата. Меѓутоа, кога предметите често почнуваат да се кршат и да исчезнуваат, фенг шуи предупредува дека тоа може да се поврзе со негативната енергија.
Во повеќето случаи, хаосот во куќата започнува поради насобирањето негативна енергија. Кршењето и губењето работи според фенг шуи укажува на тоа дека негативната енергија се задржува и се акумулира во домот, што може да биде последица на неред, натрупани работи и неповолнo фенг шуи, односно блокиран слободен проток на енергија.
Откријте што симболизираат други одредени дефекти, според фенг шуи:
- Ако во вашиот дом течат цевки или капе вода од чешма, веројатно имате финансиски проблеми. Размислете колку рационално ги трошите парите и кога вреди да штедите.
- Ако постојано ви недостасуваат ситници што ви требаат (шноли, ленти за коса, клучеви, чорапи, капи), веројатно честопати се однесувате како егоист, правејќи ги вашите желби и потреби најважни. Покрај тоа, мрзливи сте и претпочитате да ја префрлите одговорноста на другите.
- Искршените и испукани садови, како и пукнатините на мониторите или огледалата покажуваат дека во куќата се подготвува сериозен конфликт. Ако не се ослободите од скршените работи на време, кавгата може да заврши со раскинување.
- Постојаните дефекти на електричните уреди и честото пукање на светилките покажуваат дека луѓето од вашето минато не ви посакуваат добро. Вашата среќа ги спречува да живеат во мир.
- Честите дефекти во куќата укажуваат на токсична врска во која сè помалку се почитувате.
- Работите што се изгубени засекогаш укажуваат на стагнација. Тие се сигнал дека треба да се напушти сè што е старо и непотребно, создавајќи простор за нешто ново, интересно и позитивно.
Се препорачува редовно да ја чистите енергијата во вашиот дом, а тоа ќе го направите ако ги исфрлите сите работи што веќе не ви служат и што ви го крадат просторот. За да може енергијата во домот да биде здрава, важно е да отфрлите сè што е скршено и пукнато, како и да се поправат расипаните работи.
Прочитајте како треба да изгледа женската чанта според фенг шуи.