Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

Според фенг шуи, претсобјето е многу важен простор што ја отсликува целата енергија на вашиот дом. На неговото уредување треба да посветите посебно внимание, бидејќи ходникот е еден вид „премин“ за енергијата што влегува и излегува од вашиот дом. Постојат неколку фенг шуи правила за овој простор до кои вреди да се придржувате, но, според експертите, овие 3 правила не треба да се прекршуваат. Еве кои работи никогаш не треба да ги имате во ходникот:

Фенг шуи: 3 работи што не треба да ги имате во претсобјето

1. Неред – расфрлани чевли, многу облека…

Ходникот треба да биде минималистички, со колку што е можно помалку работи. Уредниот и чист простор привлекува мир и хармонија, а нередот ја натрупува негативната енергија и го блокира протокот на позитивнта енергија. Расфрлани работи, многу чевли на подот или гардероба, како и корпа за отпадоци, никогаш не треба да бидат во преден план бидејќи привлекуваат лоши вибрации.

2. Ѕид како блокада

Ако имате ѕид во близина на вратата во ходникот, тоа е знак на негативна енергија. Кога ќе влезете во домот и првото нешто што ќе го видите е ѕид, ќе имате чувство на блокада на енергија. Ова не мора да значи дека ѕидот треба да се сруши, но можете да го користите стариот трик со огледало. Закачете огледало на тој ѕид и оставете го да одразува слободен простор. Така, кога ќе влезете во просторијата, веднаш ќе го видите одразот на просторот во огледалото, наместо самиот ѕид. Важно е да избегнете да не се гледа влезната врата во одразот на огледалото.

3. Расипана врата

Ако влезната врата ви е скршена, крцка или тешко се отвора, треба да ја поправите. Се верува дека проблемот со вратата го отежнува отворањето нови можности. Затоа, проверете ја вашата врата дали има пукнатини или гребнатини. Отстранете ги сите предмети што го попречуваат слободното затворање или отворање на влезната врата.

Прочитајте како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар