Фасцинантни студии во областа на психологијата кои ќе ве натераат да го промените мислењето за себе
Дури и покрај најголемите обиди и доживотното проучување на себе и блиските, луѓето едноставно никогаш нема да можат да сфатат на што сè се способни. Токму тоа и ни го покажуваат наредниве 10 неверојатни студии во областа на психологијата…
Секој е способен на зло
Една од најпознатите студии во историјата на психологијата е онаа од 1971 година која била спроведена од Факултетот Стенфорд. Таа вклучувала 24 студенти без криминално досие, со совршено физичко и психичко здравје кои биле поставени во контролирани услови да глумат чувари на затвореници кои биле затворени 24 часа на ден. Експериментот требало да трае 2 недели, но бил прекинат по само 6 дена поради снимките на скриените камери кои покажале психичка тортура и агресија спроведена од страна на „чуварите“.
Не го забележуваме она што е пред нас
Поголемиот дел од луѓето веруваат дека добро го забележуваат сè она што се случува околу нив, но еден експеримент од Универзитетот Харвард во 1998 година го докажал спротивното. Во овој експеримент, еден испитувач застанувал случајни минувачи на патот и барал од нив упатство како да стигне до одредена локација. За време на разговорот, помеѓу испитувачот и случајниот минувач поминувале работници кои носеле огромна врата, така што им оневозможиле на луѓето да ја забележат промената на испитувачите зад неа. Новиот испитувач имал различна градба, фризура, облека и боја на глас, но повеќе од половина испитаници не успеале воопшто да ја забележат оваа промена.
Одложувањето на уживањето е тешко, но поуспешни сме доколку успееме во тоа
Еден од најславните експерименти на Универзитетот Стенфорд во 1960-тите години ја тестирал способноста на деца од претшколска возраст да одолеат на сладок десерт. Тие биле затворени во просторија каде што пред нив имало само една чинија со колаче. Испитувачите им рекле дека тие можат веднаш да изедат едно колаче или да почекаат 15 минути за да добијат 2. Иако повеќето деца рекле дека би сакале да чекаат, многу од нив не успеале да издржат. Оние кои успеале да одолеат на искушението, користеле тактики на избегнување, така што се вртеле во спротивна насока за да не го гледаат колачето или ги прекривале очите со раце. Научниците заклучиле дека оние кои успеале да одолеат на колачињата има помали шанси да потпаднат под влијание на наркотици.
Моќта лесно влијае негативно врз човекот
Постои психолошка причина поради која моќта ги поттикнува луѓето да се однесуваат омаловажувачки и супериорно во однос на другите. Луѓето несвесно се покоруваат на авторитетот, па токму оние поединци кои се наметнуваат со своето однесување најчесто стануваат лидери на својата група. Една студија од 2003 година докажува дека луѓето кои се на моќна позиција многу почесто ги допираат другите не непристоен начин, секогаш го кажуваат она што го мислат и се многу посклони кон ризично однесување.
Конфликтот во групата нè привлекува
Еден класичен социолошки експеримент од 1950-тите години ја проучувал причината поради која друштвените групи, па дури и целите земји војувале помеѓу себе. Студијата вклучувала 11 деца поделени во групи кои биле раздвоени недела дена така што никој од нив не знаел за постоењето на другата група. Откако ги споиле на едно место, децата од различните групи меѓусебно се навредувале, а по спортскиот натпревар веќе не сакале ни да јадат заедно. По овие настани истражувачите се обидувале да ги смират децата со пријатни активности, но не успевале сè додека не им дале проблем кој можел да се реши само со заеднички сили.
Високата самодоверба и признанието се неверојатно важни за животот
Постигнувањето слава и успех не е само начин за „подигнување“ на егото, туку тоа може да биде и клучот за долговечноста. Според една „Оскар“ студија, актерите кои ја добиле оваа вредна награда живеат и до 4 години подолго од оние кои биле само номинирани за неа. Тоа нè тера да заклучиме дека признанието за постигнувањата и успехот игра огромна улога во подобрување на квалитетот на животот, па токму затоа и има позитивно влијание врз здравјето.
Постојано ги оправдуваме своите искуства со цел да имаат смисла
Според теоријата за когнитивна дисонанца, верувањето во различни и често целосно спротивни нешта кои се побиваат едни со други, кај здравите пациенти обично води кон чувства на психолошка непријатност кои траат сè додека поединецот не го реши проблемот. Со други зборови, луѓето најчесто самите се лажат со цел да го направат светот да им изгледа пологичен и постабилен и токму тоа го покажало експериментот на Фестингер во 1959 година. Во ова истражување испитаниците завршувале досадни задачи во текот на неколку денови. За дел од нив тие биле повеќе платени, додека за дел помалку. Оние за кои тие биле повеќе платени, без проблем признале дека им биле здодевни, додека пак оние кои им биле помалку платени, тие велеле дека и не се толку лоши, само затоа што сакале да се оправдаат за фактот што не се откажале.
Сите имаме предрасуди во големо количество
Мажите кои почесто гледаат други жени често и изневеруваат, додека пак, убавите девојки многу ретко се екстремно интелигентни. Ова се само дел од предрасудите кои на несвесен начин постојано влијаат врз нашето размислување. Луѓето најчесто ги преземаат стереотипите кои ги има нивната група, што е остаток од еволуцијата кога на луѓето тие им помагале да преживеат во непознати простори и нови ситуации.
Само едно нешто е доволно за да бидете среќни
Во една 75-годишна студија спроведена од Универзитетот во Харвард биле истражувани 268 студенти кои редовно поднесувале податоци за различни аспекти од нивните животи. Според резултатите, за постигнувањето долгогодишна среќа и задоволство единствено нешто што било важно била љубовта. Постојат две страни на оваа приказна. Првата е љубов, а втората е живот кој не ја отфрла љубовта. Не се среќни само оние кои сакаат и се сакани, туку и оние кои не се подготвени да се откажат од потрагата кон љубовта.
Моралните импулси се често конфликтни
Една студија која била спроведена од Универзитетот Јејл во 1961 година се обидувала да открие колку луѓето можат да ги слушаат авторитетите кога водат битка помеѓу моралот и должноста. Тие со оваа студија сакале подобро да ја разберат подготвеноста на нацистичките војници да слушаат наредби и да прават незамисливи нешта. Токму затоа спровеле експеримент каде што испитаниците биле еден по еден сместувани во просторија со актер, на кој требале да му поставуваат прашања и на секој погрешен одговор да му задаваат електрошокови. Со секој следен електрошок неговиот интензитет се зголемувал, сè до момент кога стигнувал до ниво кое е смртоносно за човековото тело. Секако, електрошокот бил само глума, но и покрај сè дури 65% од испитаниците, под влијание на испитувачот, се согласиле да го зададат електрошокот кога актерот ќе згрешел на поставеното прашање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.