Фасцинантни факти кои веројатно не ги знаете за вашата кожа
Автор: Маја Линкова
Кожата во којашто се наоѓаме е навистина фасцинантна. Таа истовремено ги штити органите, ги исфрла мртвите клети и се грижи да ни биде топло или ладно во зависност од годишното време. Меѓутоа, колку ние навистина ја познаваме нашата кожа?
„Хафингтон Пост“ собрале некои интересни факти поврзани со кожата.
1. Имаме многу кожа. Кожата е нашиот најголем орган, а нејзината површина изнесува 2 метри квадратни. Вториот најголем орган е црниот дроб.
2. Целата кожа на нашето тело нема иста дебелина. На пример, очните капаци имаат најтенок слој кожа – 0,05 милиметри, додека пак најдебела кожа имаат стапалата и дланките – 1,5 милиметар.
3. Кожата е тешка. Кожата сочинува речиси 16% од нашата вкупна тежина.
4. Кожата нема само еден слој, туку три. Епидермис, дермис и хиподермис. Хиподермисот е последниот слој кој се состои од колаген и масти. Дермисот е средниот слој и е одговорен за 90% од нејзината дебелина. Епидермисот е надворешниот слој кој служи како заштитна преграда меѓу телото и средината.
5. Секоја минута исфрламе неверојатна количина клетки. Поконкретно, меѓу 30.000 и 40.000 клетки.
6. Кожата му помага на телото да одржува оптимална температура. Кога нам ни е премногу топло, крвните садови се шират, така што топлината лесно може да се ослободи низ кожата. Кога ни е ладно, крвните садови во кожата се собираат.
7. По раѓањето, нашата кожа има друга боја. Здравото новородено бебе има кожа со црвеникава боја, а рацете и нозете имаат сина нијанса на кожата.
8. Лузните предизвикуваат оштетување на вториот слој на кожата. Изгребаниот колаген е различен од колагенот во нормалната кожа. Како таков, кога умираат клетките на кожата и се заменуваат со нови, изгребаниот колаген не се менува и оштетеното ткиво не дава влакна.
9. Начинот на којшто спиеме може да влијае врз кожата. Доколку спиете со лицето нурнато во перницата, тоа може да предизвика појава на брчки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.