Фантастични ремикси од звуците во „Господарот на прстените“
Трилогијата книги на Џ.Р. Толкин „Господарот на прстените“, кои добија фантастични филмски изданија благодарение на режисерот Питер Џексон, се голема инспирација за многу креативци. Имено, филмовите направија невиден бум, заработувајќи околу 3 милијарди американски долари и освојувајќи 17 оскари и безброј други награди.Филмовите дефинитивно му ја разработиле фантазијата на Швеѓанецот прочуен под псевдонимот „Chetreo“. Тој успеал благодарение само на звуците и музиката од филмовите да создаде неверојатни ремикси. Без никакви додатни звуци, со користење на оригиналните саундтрак-песни и репликите изговорени од глумците, тој направил фантастични видео спотови за првиот дел „Дружината на прстенот“ и за вториот дел „Двете кули“. На ремиксот за последниот дел „Враќањето на кралот“ сè уште се работи, па со нетрпение ќе го очекуваме неговото следно дело.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.