Фантастични цитати од Џ. Р. Р. Толкин кои ќе ви помогнат да станете господари на вашиот живот

Фантастични цитати од Џ. Р. Р. Толкин кои ќе ви помогнат да станете господари на вашиот живот

Поминаа 125 години од раѓањето на познатиот англиски писател Џ. Р. Р. Толкин, кој зад себе оставил бројни фантастични дела како што се трилогијата „Господар на прстените“ и „Хобит“. Слободно можеме да кажеме дека неговите зборови оставаат белег кај секоја генерација читатели. Толкин ги претворил неговите мисли во книги кои ги опишуваат авантурите и подвизите на незаборавните книжевни ликови.

Фантастични цитати од Џ. Р. Р. Толкин кои ќе ви помогнат да станете господари на вашиот живот

Гандалф – лик од „Господар на прстените“

Неговите зборови кријат универзална вистина. Иако не сме ликови од книгите на Толкин, сепак можеме да му дозволиме на овој врвен писател со извонредна фантазија да нѐ води низ нашето животно патешествие. Прочитајте ги неговите најмоќни цитати и станете господари на вашиот живот…

„Не се изгубени сите што талкаат.“

„Човекот кој бега од сопствениот страв треба да сфати дека штотуку тргнал по скратениот пат што води до соочување со него.“

„Каде што има живот, има и надеж.“

„Честопати надежта се раѓа тогаш кога сѐ е напуштено.“

„Не е важна силата на телото, туку силата на духот.“

„Единствената одлука што треба да ја донесеме е како да го искористиме времето кое го имаме на располагање.“

„Постои добрина на овој свет и вреди човек да се бори за неа.“

„Малку по малку, човек може да отпатува далеку.“

„Лажната надеж е поопасна од кој било страв.“

„Мудрите луѓе говорат само за она што го знаат.“

„Сите поседуваат своја вредност и секој придонесува за вредноста на другиот.“

„И најмалиот човек може да го промени текот на иднината.“

„Не е лошо да се слави едноставниот живот.“

„Кога луѓето повеќе би ја ценеле храната, славата и песната од насобраното злато, светот би бил повесело место за живеење.“

„’Никогаш’ е предолг збор дури и за мене.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар