Фантастична анализа: Симболот кој најмногу ве привлекува ќе ви открие што ви недостасува моментално
Доктор Макс Лушер е швајцарски психолог кој стекнал светска популарност, благодарение на неговите тестови со бои. Тој докажал дека постои поврзаност помеѓу емотивната состојба на луѓето и нивната перцепција на боите. Овој тест и до ден денес ја има задржано својата популарност, бидејќи со помош на значењето на боите ќе може да ви открие што ви недостасува најмногу моментално. Треба само да го одберете симболот што најмногу ви се допаѓа и да ги прочитате резултатите…
1. Симбол „Љубов“
Црвената боја претставува желба за внимание, успех и несовладлив стремеж кон сето она што ви буди емоции и ви го исполнува животот. Ви требаат силни впечатоци и личност која би можеле да ја задоволи оваа ваша потреба. Најверојатно токму затоа овој симбол ви го привлече вниманието.
2. Симбол „Вера“
Замислени сте и сакате вашите мисли и желби по секоја цена да се остварат во реалноста. Сакате да совладате посебни вештини и да станете многу шармантни, за никој да не може да ви одолее. Моментално ви недостасува инспирација и извор од каде што би можеле да најдете нешто корисно за себе.
3. Симбол „Вечност“
Црната боја е симбол на вашата желба да отфрлите сѐ што ве нервира. Сакате да го промените вашиот живот и да ги поправите и оние работи што не зависат од вас, но постојаното враќање во минатото ви создава впечаток дека се вртите во круг. Не се одморате доволно, не можете да се препуштите на моментот и да престанете да мислите на она што ве мачи, а токму тоа ви е неопходно во моментов.
4. Симбол „Сила“
Жолтата боја значи дека сакате да решите некаков проблем со којшто долго време не можете да излезете на крај. Се надевате и очекувате дека ќе имате среќа. Моментално сакате да добиете признание и почит, затоа што чувствувате дека само тоа може да ви даде сила за понатамошното функционирање.
5. Симбол „Хармонија“
Сакате да бидете посамоуверени на сите можни начини, но и да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Сакате да ги подучувате другите и да им се допаднете на луѓето околу вас. Токму во улогата на учител ја постигнувате вистинската внатрешна хармонија што ви треба.
6. Симбол „Среќа“
Имате силна потреба за одмор. Сакате да бидете во пријатна атмосфера и да уживате во емоционалниот мир. Сите конфликти ве истоштуваат и поради тоа честопати им прогледувате низ прсти на луѓето. Вашата главна потреба е да си посветите внимание себеси и да се одморите онака како што вам ви одговара.
7. Симбол „Тајна“
Се наоѓате во состојба на хармонија, воопшто не сте напнати и чувствувате дека им требате на луѓето. Отворени сте за нови чувства и духовни мисли. Луѓето околу вас не ве сметаат за едноставна личност, бидејќи оставате впечаток на човек кој знае некоја тајна, но не сака да ја сподели со другите.
8. Симбол „Правда“
Не сакате да вложувате енергија и сакате да се оградите од сите влијанија, за да не паднете на провокации. Но, многу сте уморни и ви станува сѐ потешко да го контролирате тоа. Најверојатно моментално сте премногу оптоварени со работа или учење. Дајте си неколку дена одмор за да си ја вратите силата.
Доколку се согласивте со резултатите, направете го и следниов тест на личноста така што ќе одберете една од овие фотографии.