Фантастичен Мерцедес Бенц – најмоќниот електричен спортски автомобил во светот
Ако се погледнат перформансите на Мецредес Бенц СЛС АМГ Купе Електрик Драјв, јасно е дека еколошките стандарди веќе не значат мала моќност на автомобилот.И покрај тоа што не ја загадува околината, моторот сместен во задниот дел на овој Мерцедес за само 3,9 секунди достигнува брзина од 100 км/ч, а потоа може да оди до извонредни 250 км/ч, каде што е електронски поставениот лимит на брзината. Овие перформанси се постигнуваат благодарение на Формула 1 технологијата употребена во производството на батеријата која обезбедува напојување со енергија на возилото, а е тешка дури половина тон.Слично како и со другите електрични автомобили, и овој е неверојатно тивок, па затоа конструкторите мораат самите да му додадат звук. Тој се менува во зависност од брзината со која се движи возилото и условите на патот.
Мецредес Бенц СЛС АМГ Купе Електрик Драјв најчесто може да се види како безбедносно возило на трките од Формула 1.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.