Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

Дознајте нешто повеќе за легендарниот комичар Чарли Чаплин, за кого досега имавте прилика да прочитате што ја советувал ќерката Жералдин, како се почувствувал на својот 70-ти роденден или по кои зборови останал запаметен. Следуваат интересни факти за Чарли и неговиот бурен живот.

Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

1. Чарли Чаплин е роден на 16 април, 1889 година, во Валворт, Лондон, само 4 дена пред германскиот диктатор, Адолф Хитлер. Фирерот му завидувал на огромната популарност која тогаш ја уживал Чарли, па решил да израсне мустаќи како неговите, за да биде подобро прифатен од луѓето.

2. Во 1925 година, тој станал првиот актер кој се појавил на насловната страница на списанието „Time“.

3. Чарли се пријавил на натпревар за човек кој најмногу личи на него и замислете освоил трето место.

4. Отпечатоците од неговите стапала и дланки биле отстранети од Булеварот на славните во Холивуд, поради сомнежите дека е комунист. Подоцна истите биле изгубени.

5. Украински астроном именувал астероид во чест на големиот актер. Го нарекол „3623 Чаплин“. Се наоѓа меѓу планетите Јупитер и Марс.

6. Во 1985 година, неговиот лик за прв пат се појавил на поштенска марка во Англија. Девет години подоцна и американската пошта започнала да печати поштенски марки со неговата карикатура. Во Вотервил, Ирска пак е поставена бронзена статуетка со неговиот лик, а во музејот Мадам Тисо, Чаплин доби восочна фигура.

7. Британските медиуми често го критикувале, бидејќи не се пријавил во војска за време на Првата светска војна. Вистината е дека Чарли се обидел да стане војник, но го одбиле со облазложение дека е премногу слаб и ситен.

Факти за фантастичниот Чарли Чаплин

8. Заслужен е за едни од најпрофитабилните филмови во ерата на немиот филм. Класикот „Златната треска“ (The Gold Rush, 1925) е на петтото место, со заработка од 4,25 милиони долари, а „Циркус“ (The Circus, 1928) на седмото, со 3,8 милиони.

9. Компонирал преку 500 мелодии за своите филмови, а последниот филм што го гледал е „Роки“, во 1976 година.

10. Неговиот ривал на професионално поле, американскиот комичар и режисер, Бастер Китон, во своите мемоари напишал дека Чаплин е најголемиот комичар кој некогаш се родил и најдобриот режисер на комедии.

11. Тој се женел 4 пати во својот живот, а од браковите има вкупно 11 деца. Неговата ќерка Жералдин се појави на филмското платно во биографијата „Чаплин“ (Chaplin, 1992), во улога на мајката на легендарниот комичар, односно нејзината баба, Хана. По стапките на Чарли тргнале и ќерката Џозефин и синовите Ерл и Мајкл. И тие, исто така се актери. Ќерката Викторија пак, е циркузант.

12. Во 1975 година, кралицата Елизабета Втора го одликувала со титулата витез.

13. Чарли бил протеран од САД во 1953 година, откако одбил да земе американско државјанство. Живеел во Швајцарија сè до смртта. Починал во сон, на 88-годишна возраст, на 25 декември, 1977 година.

14. Посмртните останки на Чарли Чаплин биле украдени во 1978 година, од страна на швајцарски механичари. Тие два месеци го уценувале неговото семејство. Барале откуп од 600 илјади долари. Но, набрзо биле уапсени, а неговите посмртни останки биле пројандени на 20 километри од гробиштата, закопани во ливада. Ги пронашол селанец, единаесет недели по кражбата. После овој инцидент, тие биле забетонирани два метри под земјата, со цел да се спречат нови обиди за кражба.

15. Еден од неговите бастуни е продаден за 150 илјади долари, на аукција во 1987 година.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. ^^GoRiLLaZ^^ Reply

    The one and only, Charlie Chaplin! <3

Остави коментар