Факти за планината Фуџи кои ќе ве фасцинираат

Факти за планината Фуџи кои ќе ве фасцинираат

Планината Фуџи е симбол на јапонската нација. Нејзината конусна форма покриена со снег е добропозната слика што може честопати да се види во уметничките дела од укијо-е стилот (вид на јапонски дрворез). Јапонскиот уметник Кацушика Хокусај ја овековечил нејзината убавина во неговата збирка „Триесет и шест погледи на Фуџи“ каде се наоѓа и познатото дело „Големиот бран на Канагава“. Со висина од 3. 776,24 метри, Фуџи е највисоката планина во Јапонија, а втора највисока планина во Азија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со факти за Фуџи за кои сме сигурни дека ќе ве импресионираат.

Факти за планината Фуџи кои ќе ве фасцинираат

Фуџи е и стратовулкан

Планината Фуџи не е само планина, туку е и активен стратовулкан, познат и под називот композитен вулкан. Тоа значи дека нејзината конусна форма настанала како резултат на слоевите лава и тефра, слични на планината Везув над Помпеја.

Фуџи е света планина

Планината Фуџи се смета за свето место на шинтоистичката религија уште од античко време. Принцезата Коноханасакуја се смета за божица на планината, а на падините и врвот на планината постојат неколку светилишта кои ѝ се посветени. Фуџи се вбројува и во „трите свети планини“ на Јапонија, заедно со Хаку и Тете.

Планината прв ја искачил монах

Според запишаните сведоштва, прв кој ја искачил планината бил непознат монах во 663 година. Првиот странец кој ја искачил планината бил Радерфорд Олкок во септември 1868 година за приближно осум часа.

Фуџи последен пат еруптирал во 1707 година

Последната ерупција на вулканот се случил во 1707 година, пред повеќе од 300 години. Како активен вулкан, постои опасност од повторно еруптирање. Сепак, податоците сугерираат дека е низок ризикот од ерупција.

Планината е опкружена со 5 езера

Планината Фуџи не е единствената природна убавина во оваа област. Таа е опкружена и со пет езера – Кавагучико, Јаманакако, Саико, Шојико, Мотосуко, како и неколку топли извори.

Планината Фуџи е прикажана и на јапонскиот јен

На задната страна од 1000 јени е прикажана ретка слика на планината Фуџи од фотографот Којо Окада и нејзиниот одраз во езерото Мотосу.

Секоја година на планината се одржува фестивал на огнот

Секоја година на 26 и 27 август што се смета за крај на сезоната за искачување, се одржува фестивалот на огнот Јошида во градот Фуџијошида кој се наоѓа во подножјето на планината. За време на фестивалот локалните жители палат илјадници факели за да го смират бесот на планината Фуџи.

Откако ги прочитавте занимливостите поврзани со планината Фуџи, можеби ќе сакате да прочитате и за 10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар