Факти за играчките кои не сте ги знаеле

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

Дали знаевте дека вртењето хулахоп било забрането во Јапонија и во Индонезија затоа што делувало премногу провокативно?

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Зборот „играчка“ (toy) потекнува од староанглискиот збор „tool“ што значи „алатка“.
  • Куклите се сметаат за најстарите играчки во светот.
  • Јојото се смета за втора најстара играчка во светот.
  • Зборот „јојо“ потекнува од филипинскиот израз што значи „дојди, дојди“.
  • Во 1985 година, астронаутот Дејвид Григс бил емитуван во живо како си игра со јојо во вселенското летало.
  • Во 16 век, јојото се сметало за оружје.

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Компанијата „Лего“ е најголем светски производител на коцки. Оваа компанија произведува 306 милиони коцки годишно.
  • Зборот „лего“ потекнува од данскиот израз „leg godt“ што значи „играј добро“.

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Целосното име на куклата Барби е Барбара Робертс, според името на ќерката на креаторот на оваа кукла.
  • Првата барбика била произведена во 1959 година и чинела 3 долари.
  • Денес, секоја секунда се продаваат по две барбики.
  • Ако Барби беше вистинска, нејзините пропорции ќе беа 90-45-90.

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Пластелинот прво бил наменет за чистење на тапетите.
  • На почетокот, тој бил само во една боја – бела.
  • Состојките на пластелинот и денес се тајна.

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Играта „Дама“ може да се сретне на античките египетски гробници.
  • Најстарата коцка е исто така пронајдена во египетска гробница.
  • Според стандардите, картите треба да се измешаат 7 пати пред да почне играта.
  • Рекордот во играње монопол под вода е 1.080 часа.
  • Браќата Паркер го отфрлиле монополот, цитирајќи 52 недостатоци на играта.
  • Стандардниот монопол вклучува 15.140 долари во една игра.

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Хулахопот е измислен во Австралија.
  • На почетокот, тој претставувал „прстен за вежбање“ направен од бамбус кој се користел на часовите по физичко.
  • Британските доктори тврделе дека хулахопот е виновен за зголемениот број повреди на грбот, вратот и стомакот.
  • Во Индонезија хулахопот бил забранет затоа што предизвикувал страст.
  • Во Јапонија било забрането вртењето хулахоп на јавни места.
  • Во Советскиот Сојуз хулахопот бил „симбол на празната американската култура“.
  • Рекорди во вртење хулахоп: најдолгото вртење хулахоп траело 4 часа, при што биле направени повеќе од 18.000 вртежи; најмногу вртени хулахопи истовремено – 14, биле свртени од 11-годишно дете.

Факти за играчките кои не сте ги знаеле

  • Ѕвездата на Мапет шоу, жабата Кермит, е леворака.
  • Во 1968 година, играчката која била репродукција на најновиот модел на Шевролет во тоа време, се нашла во продавниците уште пред вистинскиот автомобил да биде пуштен во продажба.
  • Хемискиот инженер Нил Толотсон случајно создал балон од латекс, додека се обидувал да направи течна гума.
  • Првата аркадна видео игра „Pong“ беше претставена во 1972 година.
  • Најголемиот дистрибутер на играчки во светот е Мекдоналдс.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. asasas Reply

    Plasticine, made from calcium salts, petroleum jelly and aliphatic acids.

Остави коментар