Факти за царскиот рез што треба да ги знаете

Факти за царскиот рез што треба да ги знаете

Овој хируршки зафат претставува спас за мајката и детето во критичните моменти, но во современиот свет сè повеќе е барање од идните мајки, кои премногу се плашат да се соочат со предизвикот на природното пораѓање. Првиот факт – природно или со царски рез, со ножички или скалпел, ќе бидете сечени и шиени, само на различни места. Некои жени се одлучуваат за царски рез за да останат „тесни“, а многу (лоши) шеги се кажуваат и на сметка на епизиотомијата – вертикален рез што влегува во вагината и можноста тоа да се зашие малку потесно. Настрана од шегите и погрешните мотиви, царскиот рез е честопати неопходен и ја решава ситуацијата во обострана корист – и за детето и за мајката.

1-fakti-koi-treba-da-gi-znaete-za-carskiot-rez-www.kafepauza.mk_

1. Хируршката интервенција има свои последици

Од неа останува видлив белег, кој порано се протегал вертикално, во вид на темна линија кон папокот и неприродно го делела стомакот на половина, но сега скоро сите доктори царскиот рез го прават хоризонтално, под облините на стомакот, па белегот е помалку воочлив и е лесен за прикривање. Ако сметате дека треба да донесете одлука или дека немате избор, немојте да го изгубите од вид фактот дека царскиот рез е сериозен хируршки зафат и дека после него не сте само родилка, туку и пациент на кој му е потребно заздравување и грижа.

Секоја интервенција има свои ризици, а царскиот рез најчесто се прави со анестезија, како и секоја друга операција. По операцијата, ќе ви биде потребен посебен третман и нема да бидете во состојба веднаш да ги преземете сите должности на мајчинството, поради што дополнително ќе се чувствувате ранливо и немоќно. Се поставува и прашањето за доењето, односно движењето на млекото, кое знае да биде проблематично, почесто отколку кај жените кои се породуваат на вообичаениот начин.

2. Го пропуштате моментот во кој вашето дете доаѓа на овој свет

Тоа е голема жртва за која не сте свесни, особено ако царскиот рез се одвива со целосна анестезија. Најчесто тој се применува со епидурална анестезија и во овој случај вие не чувствувате болка, но ги чувствувате сите движења во вас. Присутни сте, слушате и гледате сè што се случува, што е доста непријатно, но затоа пак сте сведок на моментот кога вашето дете за прв пат ќе вдиши и заплаче.

Ако сте биле под анестезија, ќе немате поим за развојот на случувањата и нема да знаете дали е сè во ред додека не дојдете при себе. Чувството на олеснување, бидејќи сè е во ред, доаѓа со задоцнување и вие сте под поголем стрес, отколку што се свесните и присутните родилки, за кои времето се одвива динамично и кога сè ќе помине, полесно ги собираат впечатоците и ја бистрат главата.

3-fakti-koi-treba-da-gi-znaete-za-carskiot-rez-www.kafepauza.mk_

3. Постоперативно закрепнување

Преплавени сте со хормони и хемија, а организмот и психата сето тоа треба да го преработат и потребно е луѓето околу вас да имаат слух за вашата изложеност и пречувствителност, зголемени од постоперативната состојба. Мајките се херои во секој случај, породувањето е херојски чин, на овој или оној начин и главно сите околу вас се восхитени, забрзани, преплавени со емоции и не толку корисни, а вам ви е потребна поддршка и помош. Нема да можете ниту да го држите, ниту да го бањате бебето некое време, а таа количина на слабост, во моментите кога треба да бидете силни, прибрани и способни повеќе од кога било, треба да ги поднесете. Ќе бидете обземени од вашето ограничено доживување и ќе ве „кинат“ спротивставените чувства, и сето тоа поинтензивно отколку кај вообичаеното постпородилно закрепнување.

Сепак, утешете се, бидејќи секоја мајка се чувствува така. Препишете ја вашата нестабилност на хормоните и царскиот рез, ангажирајте ја сета помош која можете да ја добиете и гледајте да бидете нежни кон себе. Вие треба да заздравите и да застанете на нозе, да ја вратите силата и да достигнете ново ниво на самодоверба во одгледувањето на новороденото бебе, а патем да се поврзете емотивно со него и да стекнете чувство на мајчинство. Верувајте дека ќе успеете во сето тоа, бидејќи сте програмирани за херојство. Откако ќе помине овој период, ќе ви стане полесно и на вас и на вашето бебе, бидејќи вие прилично ќе се подобрите, бебето ќе се навикне на живот надвор од матката, а вашата врска ќе биде воспоставена на оној нераскинлив начин кој го познаваат сите мајки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. bibi Reply

    Јас бев со царски рез бидејќи бебето беше карлично и толку високо сместено, што ризикот да се породам нормално беше многу голем и за мене и за бебушот.
    Бев со спинална анестезија породена, значи свесна за околината и од папокот нагоре чувствував се.

    Пред самата процедура ми ставија катетар што морам да признаам е навистина непријатно искуство. Кога ме однесија во операциона сала ми ја ставија анестезијата (потполно безболно) и не смеев да мрдам извесен период. Откако почнав да го чувствувам дејството ме фати мала паника. Не покажав пред лекарите, ама апаратите за притисок и срце ме издадија. 😀 Такво чувство претходно немав осетено.
    Јас мислев уште траат подготовките, а оно веке отворена сум била. „Уште малку ќе си го видете бебето„ Ми рече хирургот и така силно ме стисна 3 пати врз горниот дел од стомакот што буквално снемав воздух. Успешен пораѓај пропратен со многу честитки.

    Ми ја ставија на гради пред завесата и наеднаш почувствував гадење и нагон за повраќање. Откако се ослободив од тоа чувство, почнав да се гушам. Ќерка ми ја чувствував толку тешка, што ме фати паника и побарав да ја тргнат. Наеднаш осетив како да тонам во сопствената кожа.

    Анестезиологот ми пријде и ми кажа дека е нормална реакција пошто ми ставиле седатив да се смирам малку, притисокот ми се качил 160. Потоа ме сместија во шок соба. 1 и 30 мин. бев на посматрање. Ќерка ми беше со сопругот на испитувања.

    Откако ме вратија во одделение, добив против-тромбозна инјекција вбризгана во нога, како и наредните 7 дена. Утредента ми го тргнаа катетарот и натераа да станам. Движењето после царски рез е многу пожелно. Јас по природа сум спортски тип (иако качив 35кг во бременоста) па немав проблем уште третиот ден да се движам иако беше отежнато.

    Пост-оперативниот период е доста тежок. Можеби не почувствував породилни болки, ама до ден денес ќе ги памтам контракциите после породување. Првиот ден беше најтежок. Не можев повеке од 2 минути да држам отворени очи. Буквално бев во транс, и бладав.

    Немав конци, ами ласерски бев оперирана и залепена. Наредните 7 дена ласерски ми ја зрачеа раната за побрзо закрепнување. Имам многу тенка линија на препони, што и после 9 месеци ме боли ако случајно се допрам на некој раб.

    Јас имав желба во вода да се породам, самите болници во Германија ти нудат таква опција. Како и да е, царски или природен важен е епилогот во целата ситуација.

Остави коментар