Факти кои сигурно не сте ги знаеле за Даблин

Факти кои сигурно не сте ги знаеле за Даблин

Автор: Сања Петровска

Главниот град на Ирска дефинитивно припаѓа во едни од најубавите градови во светот. Англиското име на градот е изведено од ирскиот израз Dubh Linn или црна бара/црно езеро, додека ирското име кое потекнува од времето на келтските племиња е Baile Atha Cliath, што во буквален превод означува Град на препречена газа.

01-fakti-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-za-dablin-kafepauza.mk

Даблин се наоѓа на источниот брег на Ирска. На почетокот бил основан како престолнина на Викинзите, а денес е еден од градовите познати по доброто пиво, многубројните пабови и згодните момци со неверојатно шармантен акцент.

Фасцинантноста на Даблин не е ништо помала во областа на многубројните знаменитости и туристички атракции зачинети со неверојатно забавниот ноќен живот. Зад сето ова стои исполнета историја која не е ни најмалку за потценување, а открива интересни и зачудувачки факти, како за градот така и за луѓето кои живеат во него.

Изразот по кој градот го има добиено своето име – Dubh Linn, е всушност име на езеро кое го користеле Викинзите за трговија со роба по воден пат.

Мостот О’ Конел над реката Лифи е единствениот мост во Европа кој има иста должина и ширина, а е изграден над постоечки мост во 1801 година кој пред тоа претставувал структура од јажиња која можела да издржи носивост од само еден човек и едно магаре истовремено.

1-fakti-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-za-dablin-kafepauza.mk

Луѓето кои живеат во Даблин, а се познати како Даблинци, зборуваат даблински, кој е микс на даблински сленг и пцовки во стилот на: I am on the lash – Јас сум на камшик, со кој кажуваат дека имаат намера да се опијанат.

Даблин е во градско партнерство со градовите Барселона, Ливерпул и Сан Хозе.

Познати личности, како што се Џорџ Бернард Шо, драматург и добитник на Нобелова награда, и Џејмс Џојс, писател и поет, доаѓаат од Даблин. Исто така, од Даблин се и Морин О’Хара, Брендан Глисон, Колин Фарел, како и доста музички групи меѓу кои најпознати се U2 .

На познатиот Тринити колеџ дипломирале доста познати личности, меѓу кои Оскар Вајлд, Џонатан Свифт и Брем Стокер, кој ја напишал приказната за Дракула.

5-fakti-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-za-dablin-kafepauza.mk

Додека сме кај познатите, статуетката која се доделува на Оскарите е дизајнирана од Даблинецот Седрик Гибонс.

Додека бил престолнина на Викинзите, Даблин претставувал Нордиско царство.

Во поглед на големината на самиот град, Даблин зафаќа 44,4 милји квадратни или 115 километри квадратни, што се смета за малку во споредба со останатите главни градови низ Европа.

Даблин е познат и по тоа што околу 50 проценти од населението има помалку од 25 години, со што се наоѓа на првото место на градови населени со најмлада популација во споредба со вкупниот број на жители.

2-fakti-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-za-dablin-kafepauza.mk

Во Даблин има вкупно 666 лиценцирани пабови, но зачудувачки е дека во споредба со други градови тоа е малку кога се смета по глава на жител.

Најпознат паб во Даблин е „Brazen Head“, најстариот паб во цела Ирска кој е отворен во 1198 година, а кој претходно бил доградба на друг објект.

Национално богатство на Ирска е Книгата на Келтите, свет ракопис кој го сочинуваат Четирите Евангелија од Новиот Завет, напишан од келтските монаси околу 800 година. Оваа преубава златна книга денес се чува во библиотеката на колеџот Тринити.

Уште еден неверојатен факт е дека дневно во Даблин се продаваат 10 милиони пива Guinness, неговото најпознато пиење.

4-fakti-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-za-dablin-kafepauza.mk

Една од најпознатите даблински фрази е chancing your arm која Даблинците ја користат кога сакаат да кажат некому да ја искористи шансата која му се пружа.

Паркот Феникс е најголемиот парк во Европа, а во светот единствен поголем парк од него е Централ Парк во Њујорк.

Во Даблин нема змии. Се верува дека Свети Патрик, ирски мисионер во 5-ти век, ги прогонил од Ирска.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар