Претходно
Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет
Ако мислите дека нашите внатрешни органи се способни само за дишење, движење и варење храна, целосно ќе го промените вашето мислење откако ќе ги дознаете овие факти. На пример, дали знаевте дека желудочната киселина е доволно силна за да разгради некои видови метали? Изгледа дека секој орган има своја супермоќ, па прочитајте нешто повеќе за тоа.
1. Срце
- Срцето создава доволно притисок за да може да исфрли крв на височина од 9 метри.
- Во просек, женското срце чука побрзо од машкото.
- Секој ден, срцето пумпа околу 7.500 литри крв, а е големо само колку тупаница. Навистина зафатена пумпа, зарем не?
2. Црн дроб
- Органот со најмногу обврски е црниот дроб. Научниците знаат за над 100 мали работи што ги завршува овој орган.
- Црниот дроб може да се справи со многу голема штета. Тој може самиот да се обновува, а сè што му е потребно се 25% од оригиналното ткиво.
- Древните Грци верувале дека во црниот дроб се наоѓаат сите човечки емоции.
3. Бели дробови
- Белите дробови се толку лесни, што можат да пловат во вода.
- Секој ден, околу 10.000 литри воздух минуваат низ нашите дробови. Ако ги исправите дробовите како чаршаф, тие би покриле цело тениско игралиште.
- Белите дробови имаат рецептори за вкус кои детектираат горчлив вкус.
- Белите дробови имаат важна улога во зборувањето и правењето звуци.
4. Бубрези
- Главната функција на бубрезите е да ја прочистуваат крвта. За да го постигнат ова, секој бубрег има по најмалку еден милион посебни мали филтри, наречени нефрони.
- Всушност, не ни се потребни 2 бубрега. Дури половина бубрег може добро да ја заврши работата на два.
- Ако детето е родено со еден бубрег, тој ќе достигне големина колку два.
5. Надбубрежни жлезди
- Надбубрежните жлезди одлучуваат дали е време да се борите или да бегате и тие го лачат „стрес“ хормонот адреналин. Адреналинот му дава сигнал на мозокот за потенцијална опасност, а мозокот му помага на телото да реагира или да бега од опасноста.
- Надбубрежните жлезди лачат и други важни хормони, но во најголем број случаи лачат премногу. Ако овие жлезди лачат премногу андрогени стероиди, тоа може да предизвика машки карактеристики, како ќелавост и повеќе влакна на телото и кај мажите, и кај жените.
Продолжува на следната страница…