Претходно
Факти и занимливости за пивото
Пивото е најконсумираниот алкохолен пијалак ширум светот. Верувале или не, се продава дури и на Антарктикот. Се верува дека пивото е измислено далеку пред нашата ера, а досега се развиени преку 200 техники за неговата изработка. Еве неколку факти поврзани со него.
„Пивото е доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да бидеме среќни“ – Бенџамин Френклин
- Во Белгија се произведуваат повеќе од 400 различни брендови на пиво.
- Најскапото пиво во светот е „Vielle Bon Secours“ кое чини 79 долари по шише, а може да се најде во барот „Bierdrome“ во Лондон.
- Најстариот пишан рецепт кој е некогаш пронајден е за пиво.
- Најпопуларно пиво во светот е Хајнекен.
- Првата лименка пиво е направена во 1935 година.
- Некогашниот американски претседател Џорџ Вашингтон имал своја пиварница на имотот во Маунт Вернон.
- Пивото е полно со калории.
- Во Велика Британија, во просек се пијат 100 литри пиво по човек годишно.
- Старите Вавилонци биле многу сериозни кога станувало збор за пивото. Доколку се одлучело дека пивото не е со добар квалитет, тие го давеле производителот во сопственото пиво.
- Едно шише пиво после напорен ден е одлично за релаксација и опуштање, а помага и при заспивањето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.