Факти и занимливости за серијата „Доктор Хаус“

Факти и занимливости за серијата „Доктор Хаус“

Шоуто кое започна да се прикажува на 16 ноември 2004 година, уште во текот на емитувањето на првата сезона постигна вртоглава популарност. Гледаноста, само во САД, се движи во просек околу 15 милиони гледачи по епизода, а серијата се прикажува во повеќе од 60 земји, што во 2008 година ја направи најгледана во светот со околу 82 милиони гледачи. Успешноста на серијата според сите критики се базира на феноменалната глума на Хју Лори, која го направи легенда, но мора да се признае дека целата екипа одлично си ја врши работата. Ова се неколку интересни занимливости поврзани со серијата.Факти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“

  • За време на аудицијата на Хју Лори, за улогата на Грегори Хаус, продуцентот Дејвид Шор рекол „Ова е тоа што ми треба, прав Американец“. Во тоа време тој не знаел дека Хју е Британец.
  • Оваа серија е инспирирана од колумна во весникот „New York Times“, која прикажувала невообичаени медицински случаи.
  • Тројца од шесте членови на актерската екипа се леваци. Тоа се Кади, Формен и Вилсон.
  • За време на гостувањето во „The Tonight Show“ на 16 ноември во 2005 година, Лори признал дека пиел апчиња „Викодин“ кои создаваат зависност, за да го долови ликот на д-р Хаус.

Факти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“

  • Во 2009 година Хју Лори изјавил дека започнал да чувствува болка во ногата, поради долгогодишното доловување на хендикепот на неговиот лик.
  • Во секоја епизода, како можна дијагноза за болеста на пациентот се појавуваат саркоидоза или лупус. Сепак, досега во ниту една епизода не се случило да биде точна дијагнозата за една од тие две болести.
  • Таткото на Хју Лори бил доктор, па тој има изјавено дека чувствува малку вина што заработувал многу повеќе од вистинскиот доктор во фамилијата.
  • Џеси Спенсер (д-р Чејс) и Џенифер Морисон (д-р Камерон) во реалниот живот се во врска.

Факти и занимливост за серијата „Доктор Хаус“

  • Сите надворешни сцени на болницата се снимки од универзитетите Јужна Каролина и Принстон, а всушност ниту една епизода не е снимена таму.
  • Продуцентот Дејвид Шор отсекогаш бил голем обожавател на популарниот карактер Шерлок Холмс и признал дека неколку аспекти на серијата се базирани на него. Зависноста на д-р Хаус од апчињата „Викодин“ се споредува со онаа на Холмс од кокаинот, рамнодушниот однос кон пациентите со односот на Холмс кон своите клиенти и неговиот однос со д-р Џејмс Вилсон се споредува со односот на Шерлок со д-р Џон Ватсон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Sani Reply

    lupus se ima slucheno ednash ama bash koga ne ni posmislija na toa 🙂

  2. Маги Reply

    Вистинските фанови веќе би требало да ги знаат овие работи.

  3. lolz Reply

    се согласувам со Маги 🙂

Остави коментар