Факти и фотографии од тропскиот рај Јамајка

Факти и фотографии од тропскиот рај Јамајка

Јамајка е добро познат тропски рај во Карипското Море прославен по хедонистичкиот стил на живеење. Разгледајте ги следните фотографии и факти од преубавиот остров кои ќе ви го доближат тамошниот егзотичен амбиент.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаЈамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаТропската природа на островот е извонредно место за живот на многу егзотични животински и растителни видови. Сепак, прошетките во дивината не се опасни, особено ако се земе предвид дека змиите таму се многу ретки. Истребени се од мунгосите, кои претходно биле донесени за да ги истребат стаорците.

Живописните предели од бели песочни плажи над кои се издигаат планини со разновиден див свет се резултат на тропската клима и повремените поројни дождови. Затоа од првите доселеници островот бил наречен „Xaymaca“, што значи „Земја на шуми и вода“.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаПрвиот народ кој ја населил Јамајка биле Араваките. Тоа бил мирољубив народ дојден од Јужна Америка чиј живот поминувал во хармонија со природата. Нивното хедонистичко секојдневие било исполнето со јадење, пиење, танцување и пеење.

Денеска во Јамајка живеат народи со најразлично потекло: доминираат оние со африканско потекло, а има и такви со ирско, либанско, сириско, шкотско, германско, итн. Сите тие комуницираат главно на англиско-африканско-креолскиот јазик наречен јамајкански патоа, иако официјален е англискиот.

Знамето на Јамајка има три бои: црна, жолта и зелена. Црната ги означува пребродените тешкотии од историјата и оние кои допрва ќе дојдат, жолтата ги симболизира тропското сонце и природните богатства, а зелената ги означува надежта и дивата природа на островот.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаНародот во Јамајка е многу религиозен, а тоа се обидува да им го пренесе и на децата. Затоа секое утро во јавните училишта започнува со молитва.

Иако островот не е многу голем, дел од него сè уште е неистражен. Има еден мал дел кој е населен од Маруните, африкански робови кои по бунтот и ослободувањето од Британците оформиле свои населби длабоко во џунглата, а по извесно време стекнале и извесна автономија.

Само Американските атлетичари имаат освоено повеќе олимписки медали од јамајканските. И покрај тоа, Јамајка важи за земја од која доаѓаат најбрзите луѓе на светот. Од таму доаѓа најбрзиот спринтер на светот Јусеин Болт, а од седумте најбрзи спринтери во историјата, дури пет се од Јамајка.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаНа Зимската олимпијада во Калгари во 1988 година, тимот на Јамајка во бобслед (санкање) на оваа островска земја ѝ даде статус на прва тропска земја која учествувала на Зимски Олимписки игри. Нивниот подвиг беше инспирација за филмот Cool Runnings.

Селото Најн Мајл во рурална Јамајка е родното место и вечното почивалиште на најпознатиот Јамајканец и крал на реге музиката, Боб Марли. Таму му е изграден мавзолеј кој на посетителите им дава можност да видат многу предмети кои му припаѓале нему, меѓу кои и „рок перницата“ на која легнувал секогаш кога барал инспирација.

Јамајканските убавици се на четвртото место на вечната листа според наградите освоени на Мис на светот (што не е исто со Мис Универзум), веднаш зад Индија, Велика Британија и Венецуела. Во случајов се сметаат и титулите за прва и втора придружничка и разните награди кои ги доделуваат организаторите.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаЈамајканците често можат да уживаат во феноменот сина месечина. Оваа појава се случила дури шест пати во последните 40 години.

Иако одгледувањето и поседувањето марихуана е забрането, законите поврзани со неа ретко се почитуваат, што само го зацврстува статусот на хедонистички остров.

Според извештаите на Обединетите Нации, Јамајка има една од највисоките стапки на убиства и на улично насилство во светот.

Во Јамајка сè уште се практикува обеахизмот, вуду магиски ритуал кој може да донесе добро или зло. Се казнува со затвор согласно Кривичниот закон на земјата.Факти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај ЈамајкаФакти и фотографии од тропскиот рај Јамајка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар