Факт или фикција? 6 луди работи кои се случуваат во хотелите
Луѓето имаат многу чудни идеи кога станува збор за патување. Од гласините дека ако летот ви е откажан, авиокомпаниите мора да ви надоместат, до верувањето дека воздухот во авионите е полн со бактерии (не е), митовите за патувањето тврдоглаво продолжуваат да кружат и покрај цврстите докази против нив.
И хотелската индустрија не е имуна на овие митови. Некои страшни приказни поврзани со посетите на хотели се вистински, но некои се чиста фантазија. Погледнете 6 од најпознатите митови, со неколку полувистини за хотелите.
1. Клуч картичката ги собира вашите лични податоци
Многу хотели уште одамна ги заменија клучевите со картички, но некои луѓе сè уште се сомнителни за оваа „нова“ технологија. Една упорна урбана легенда тврди дека овие картички ве ставаат на ризик од крадење на идентитетот, но ова не е вистина. Додека на вашата картичка може да се наоѓаат бројот на кредитната картичка и други лични податоци, хотелите не ги користат на овој начин. Хотелите не го внесуваат ни името на гостинот, не пак други лични податоци.
2. Постелнината секогаш е чиста
Кога се пријавувате во хотелска соба, очекувате чисти чаршави на креветот. Но што е со покривката? Митот е дека многу хотели не го чистат горниот слој на постелнината помеѓу посетите на собата. Некои хотели добиваат потсетници дека луѓето не сакаат да спијат на валкани кревети, па затоа почнале да оставаат пораки со кои ги известуваат гостите дека целата постелнина е испрана и чиста.
3. Машината за кафе можеби е користена за правење метамфетамин
Во септември, 2015 година, едно семејство од Небраска тврдело дека се разболило после престојот во хотелот Омаха. Причината за ова била тоа што нивната машина за кафе била користена за правење метамфетамин. Полицијата била скептична бидејќи шансите некој да прави дрога во толку мал сад се речиси непостоечки. Иако понекогаш хотелските соби се користат со оваа намена, после правењето на дрогата остануваат многу штетни материи. Ако собата не е правилно исчистена, гостите најверојатно ќе имаат проблеми со дишењето или пак, халуцинации.
Иако митот за правење дрога е луд, сепак машината за кафе можеби и не е најчистиот сад. Постојат големи шанси дека била само исплакната, а не темелно исчистена од претходните гости во собата. Истото важи и за чашите ако не се ставени во пластични кеси.
4. Највалканиот дел од хотелот се тоалетите
Идејата дека хотелските тоалети се преплавени со бактерии е логична, но всушност не е точна. Истражувачи од Универзитетот во Хјустон го мереле нивото на бактерии во 27 хотелски соби и заклучиле дека вратата од тоалетот има најмалку бактерии. Највалканите делови од собата биле далечинскиот управувач за телевизорот и светилките до креветот.
Друго истражување од Универзитетот во Аризона открило дека на далечинските управувачи се наоѓала и бактеријата ешерихија коли. Ова укажува дека на далечинскиот управувач имало фекални материи. Можеби некој бил во тоалетот и не си ги измил рацете.
5. „Распродадените“ хотели имаат соби за ВИП личности и за итни случаи
Пристигнувате во хотелот доцна попладне без резервација, и рецепционерот ви кажува дека нема слободни соби. Немојте да мислите дека сте паметни бидејќи ја барате собата која ја чуваат за претседателот или за некој друг важен гостин. Таа не постои (или ако постои, нема да ви ја дадат).
Ако имате историја со хотелот, рецепционерот можеби ќе направи напори да ве смести, но помислата дека просечен патник може да го убеди и да ја добие „собата за итни случаи“ е мит.
6. Секогаш проверете под кревет за мртво тело
Дали клекнувате на земјата и гледате што има под кревет штом ќе влезете во собата? Некои луѓе сметаат дека треба да го правите токму тоа, и тие не се само параноични. За жал, идејата дека може да има мртво тело под душекот не е плод на сценариото на некој филм. Иако е ретко, се случувало гостите во хотелите незнајно да ја делат собата со некој починат. Во 2010 година, телото на убиена жена било пронајдено под креветот во мотел во Мемфис. Убиството се случило 6 недели порано и собата била изнајмена неколку пати пред откритието. Сличен настан имало и во Северна Каролина во 2013 година.
Погледнете ги и нештата кои треба да ги правите на секое патување.