Езеро над океанот! Дали е ова најголемата оптичка илузија на природата?
Сорвагсватан е името на најголемото езеро на Фарските Острови. Има површина од 3,4 квадратни километри и се протега на вулканскиот остров Вагар, што се наоѓа помеѓу Шкотска, Норвешка и Исланд.
Иако на фотографиите може да изгледа како да се издига неколку стотини метри над океанот, се наоѓа на надморска височина од околу 30 метри.
Ова езеро се нарекува и Леитисватан и е опкружено со клисури што спречуваат неговата вода да се влева во Атлантикот.
Целиот остров Вагар е полн со прекрасни предели – од ретки птици до живописни ливади каде што пасат овци.
Погледнете ја оваа невообичаена појава што го создава најмоќниот вртлог во светот.