Еволуцијата на заљубувањето
Пред да пораснете, мора да се заљубите три пати.
Прво, мора да се заљубите во вашиот најдобар пријател и да го расипете вашето одлично пријателство засекогаш. Ова ќе ве научи кои ви се вистински пријатели, и за тенката линија помеѓу пријателството и она што претставува нешто повеќе од тоа.
Второ, мора да се заљубите во некој за кој ќе мислите дека е совршен. Ќе сфатите дека никој не е совршен и дека никој не треба да ве третира полошо одошто заслужувате.
Трето, мора да се заљубите во некој кој е ист како вас. Ова ќе ви помогне да сфатите кои сте и кои сакате да бидете.
И кога ќе завршите со сѐ тоа, ќе научите дека луѓето кои најмногу се грижат за вас се оние кои ги повредувате, оние кои ве повредуваат, но и кои ви се најмногу потребни. Но најмногу од сѐ, ќе сфатите дека љубовта е концепт и не е нешто што може да се дефинира. Таа е различна за секој кој ја искусува. И тогаш ќе научите да ги почитувате буквално сите луѓе на светот, бидејќи знаете дека секој од нас само сака да биде сакан.