Еволуцијата на феминизмот низ историјата
Иако можеби ова нема да ја создаде најпретставителната слика за она што може да се нарече женско движење, од помош е да се визуализира комплицираниот настанок и еволуцијата на феминизмот користејќи „бранови“. Па што всушност претставуваат брановите на феминизмот? Може да се гледаат како историски периоди или епохи. Со други зборови, грубо одредување на датуми кога феминистките почнале да се организираат. Друг начин да се гледаат овие бранови е според правата и целите за кои се борел феминизмот. Феминизмот е движење со многу лица и не може да опише како единствено. Ако сакате навистина да ги разберете брановите феминизам, важно е да го комбинирате временскиот период со агендата, притоа имајќи на ум дека има и недостатоци.
Бранот пред брановите: Ран феминизам
Иако „феминизмот“ официјално не започнал до средината на 19-тиот век, постојат бројни примери од пред тој период каде што жените се борат за својата независност. Писателките и филозофите од 17-тиот и 18-тиот век како Афра Бен, Мери Вулстонкрафт и Џејн Остин демонстрираат феминизам во нивните дела. Тие поставуваат прашања за местото на жената и зошто тоа мора да биде баш таму. Тие ја предизвикуваат идејата дека жените не можат или не треба да пишуваат. Тие ја застапуваат основната човечност на жените како индивидуи кои заслужуваат човечки права.
Прв бран: Организирање за право на глас
Во 1848 година, Елизабет Кеди Стентон одржала говор пред повеќе од 300 мажи и жени на првата конвенција за правата на жените. Во нејзиниот говор таа изнела политичка стратегија со која жените би имале еднаков пристап и можности. Овој настан често е обележан како почетокот на движењето за право на глас. Овие жени го предизвикувале мислењето дека домот е природното место на жената. Тие се бореле за нивното право на глас, држеле протести и јавни говори – однесување што било шокантно за жените во тој период.
Прв бран: Право на глас и аболиција
На почетокот, борбата за право на глас била испреплетена и со други движења од доцниот 19-ти век, како борбата за укинување на ропството. Како резултат на ова, оваа верзија од движењето на жените вклучувало бели жени од средната и работничката класа заедно со „обоени“ жени. Жените како Соџурнер Трут и сестрите Гримке се пример за ова движење против ропството. Овие активистки забележале поврзаност помеѓу потчинувањето на жените и потчинувањето на Афро-американците, па се бореле за еднаквост на двете групи. За жал, овој начин на размислување не траел долго кај белите феминистки од средната класа.
Продолжува на следната страница…