Еве зошто треба да ги читате ознаките на кутиите со јајца

Еве зошто треба да ги читате ознаките на кутиите со јајца

Доколку немате проверен продавач на јајца, па истите ги купувате од продавница, многу е важно да обрнете внимание на ознаката на амбалажата. Само така можете да бидете сигурни дека сте ги купиле најдобрите.

Знаете ли што се крие во оригиналната картонска кутија во којашто сте ги донеле јајцата купени од супермаркетот? A, B, S и SS се само некои од ознаките што стојат на кутиите каде што се пакувани јајцата. Повеќето од нас само ја проверуваат количината на јајца која е во кутијата и дали истите се здрави, а ретко обрнуваме внимание на буквите коишто говорат за содржината на јајцата.
Всушност, тоа што можеби досега не го знаевте е дека тежината на јајцата се означува со буквите SS, S, A, B и C.

  • Јајцата со ознака C се полесни од 55 грама
  • Јајцата со ознака B се од 55 до 60 грама
  • Јајцата обележани со А тежат од 60 до 65 грама
  • Со буквата S се обележани јајцата од 65 до 70 грама
  • Ознаката SS ја носат јајцата од 70 и повеќе грама

Исто така погледнете дали на амбалажата стои само името на фирмата којашто ги пакува или пак и името на производителот. Изберете кутија со името на произведувачот, затоа што така е поверојатно јајцата да биле проверувани од ветеринар и технолог.
Ако сте купиле свежи јајца, не вадете ги од оригиналната амбалажа. Така би можеле да останат свежи и до еден месец. Оштетените јајца мора да се употребат во првата недела после купувањето. Добро е да се скрши ваквото јајце и да се види дали ќе се разливаат жолчката и белката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар