Еве зошто тетовирањето е добро за вас

Еве зошто тетовирањето е добро за вас

Никогаш не треба да ги оправдувате изборите што ги правите за себе и своето тело. Тоа е ваше и можете да правите со него што и да сакате и не треба да дозволите некој да ве осудува поради тоа. Сите сме различни и тоа е добра работа, бидејќи монотонијата отсекогаш била досадна. А, има ли подобар начин да ја разиграте физичката монотонија од тетовирањето?

Еве зошто тетовирањето е добро за вас

Според последното научно истражување спроведено од „Американскиот дневник на човечка биологија“, честото тетовирање и имањето повеќе тетоважи може значително да го зајакне имунолошкиот систем. Иако истражувањето било извршено врз релативно мал број испитаници (24 жени и 5 мажи), истражувачите од Универзитетот во Алабама откриле дека тетовираните испитаници биле поиздржливи на болка и нивниот имунитет бил подобар. Истражувачите дошле до овој заклучок откако ја испитале плунката на испитаниците пред и по тетовирањето. Исто така се заклучило дека првото тетовирање може да го намали имунитетот на одреден период, поради стресот кој го предизвикува самото искуство.

На еден краткотраен период, можеби ќе има поголема веројатност да настинете или да добиете минорна инфекција, но долгорочно, тетовирањето ја зголемува вашата отпорност и истрајност, што ве прави посилни и поиздржливи на инфекциите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар