Еве зошто ќе бидете многу поуспешни кога ќе сфатите дека ништо не е трајно
Не постои начин да предвидиме каде ќе бидеме утре, ниту метафорично ниту географски. Има многу работи кои не можеме да ги испланираме и уште толку работи кои не можеме да си претпоставиме дека ќе се случат. Па, каква лекција се крие тука? Ништо не е трајно. Можете да се обидете да ги испланирате наредните 5 години, но независно колку е добар тој план, треба да го избришете бидејќи може да има сосема спротивен ефект и да ве спречи при постигнувањето на многу неверојатни работи. Верувањето во кој било тип трајност може да биде вашиот неуспех и дури во оној момент кога ќе научите да ги пуштите работите, да земате ризици и да се адаптирате на големите животни промени, ќе ги искусите и најголемите успеси.
Вашата работа не е трајна, па започнете да работите
Ние не сме како постарите генерации кои работеле за една иста компанија цели 40 години и потоа се пензионирале. Ние сакаме да се движиме наоколу, независно дали под тоа се подразбира работење на други места или целосна промена на кариерата. Или тоа, или се откажуваме од работата и нѐ отпуштаат поради скорешната ситуација со економијата. Затоа е секогаш добро да се има план Б и барем уште еден дополнителен извор на паричен доход. Не мора да станете блогери или Интернет вработени и така да заработувате пари, но анализирајте ги своите способности и пронајдете ги вашите посилни страни со цел да го најдете и соодветното решение.
Вашите работи не се трајни, па ослободете се од нив
Доколку им давате важност на материјалните работи и не можете да престанете со таа практика, тогаш запрашајте се каде можете да ги сместите тие нешта и дали навистина ви се неопходни. Ако одговорот е позитивен, тогаш најдете им соодветно место и приберете ги. Но, ако одговорот е негативен, тогаш ослободете се од сите непотребни работи кои само можат да ви ја нарушат организацијата. Минимализмот е добар начин на живот. Колку помалку работи чувате кои ви тежат, толку поголема слобода ќе имате во животот и ќе можете подобро да се фокусирате на вашите цели. Ова може да биде одлична шанса да го преуредите вашиот дом и да ги исфрлите сите работи кои сметате дека немаат никаква друга намена освен да зафаќаат простор и да собираат прашина. Чувството кога велите „збогум“ на минатото и „добредојде“ на иднината е непроценливо.
Вашиот живот не е траен, па искористете го до максимум
Животот не треба да се зема здраво за готово. Со самиот факт дека го читате овој текст, покажувате дека имате добар и пристоен живот. Имате компјутер, телефон или каков било друг електронски уред, имате пристап до Интернет и се интересирате за сите начини на кои можете да се подобрите себеси. Треба да бидете горди на себе и на местото на кое што денес се наоѓате, но не дозволувајте тоа да ве запре да се стремите за повеќе. Дали отсекогаш сте сакале да го посетите Париз, но никогаш не сте можеле финансиски да си дозволите да го направите тоа? Одредете еден датум за една година отсега и започнете да заштедувате дел од вашата плата и префрлајте го во вашиот фонд за патување. Никогаш нема да дознаете што ве очекува ако не ја искористите шансата која ви се нуди.