Еве како стоењето покрај вода може да влијае на вашиот мозок
Најверојатно и вие сте ја почувствувале онаа смиреност кога се наоѓате покрај езеро, море, океан или река. Истражувањата покажале дека водата дава чувство на смиреност и има позитивен ефект врз вашиот мозок. Гледањето на водата и слушањето на нејзиниот звук има моќ да релаксира и да го ослободи вашиот мозок, при што се подобрува и вашето расположение. Често нарекуван „син простор“, влијанието на реките, морињата и езерата врз вашата среќа е истражувано од повеќе невронаучници и психолози. Валејс Ј. Николс, морски биолог, вели дека со самото тоа што околу вас имате син простор, можете да го подобрите вашето ментално здравје.
Еве кои придобивки ќе ги имате доколку сте опкружени со вода.
1. Водата предизвикува состојба на медитација
Кога ќе го слушнете бранувањето на водата, тоа веднаш може да ве воведе во состојба на медитација. Звукот на брановите предизвикува опуштена состојба, а дури и едноставното набљудување на движењето на водата го смирува вашиот ум. Ова може да ви помогне да ги намалите депресијата, нивото на стрес, анксиозноста, како и значително да го подобрите спиењето.
2. Водата предизвикува инспирација и креативност
Кога сте во близина на водата, вашиот мозок се опушта и ви овозможува да не бидете фокусирани само на мислите околу работните обврски, коишто пак се главните виновници за стресот или анксиозноста. Кога сте поопуштени, вие имате поголема инспирација и сте повеќе креативни.
3. Водата ви дава чувство на страхопочит
Страхопочита е важен фактор во психологијата. Всушност, ова не само што ви овозможува да живеете во сегашниот момент, туку предизвикува да размислувате и за светот околу вас и поврзувањето со околината.
4. Водата ги зголемува придобивките од вежбањето
Несомнено е дека вежбањето е добар начин да ја подобрите вашата ментална благосостојба, а доколку трчате или пешачите околу вода, вие десет пати ќе ги зголемите овие придобивки. Пливањето или возењето велосипед покрај река ќе ви даде поголем душевен мир отколку вежбањето во затворена просторија. Ова е последица на синиот простор којшто ве опкружува, при што предизвикува да имате поголеми придобивки од вежбањето.
5. Водата е богат извор на негативни јони
Позитивните и негативните јони влијаат на тоа како се чувствувате. Позитивните јони се испуштаат од електричните апарати како што е компјутерот, микробрановата печка или пак фенот, додека пак негативните јони се создаваат од водопадите, брановите и бурите. Богатата количина на негативни јони ја забрзува вашата способност за апсорбирање кислород, го балансира нивото на серотонин (хемиски поврзан со расположението и стресот) и придонесува кон подмладување на умот и подобрување на будноста и концентрацијата.
6. Капењето ви овозможува да го освежите вашето тело
Природното капење во море, езеро или река има моќ во голема мера да го „оживее“ вашето тело. Со температурните разлики можете да обезбедите смирувачки третман за вашите нерви и да го освежите вашето тело, како физички, така и метално, додека пак капењето во потопла вода во текот на летото може да ви помогне да ги релаксирате вашите мускули.