Еве како промената на лозинката може да ви го промени животот
Во момент на најголемата животна пресвртница, збунетост и изгубеност, Маурисио Естреја се сетил на советот од својот поранешен шеф – избрал нова лозинка за да си го промени животот. И успеал…
Маурисио еден ден дошол на работа нервозен, нервен и испотен. Доцнел, имал само 20 минути до состанокот. Во главата му се повторувала само една мисла: „Како можеше тоа да ми го направи?“ Се наоѓал во болен процес на развод. Во тој момент на компјутерот добил порака дека лозинката му истекла. Имал малку време до состанокот, а пред себе ја имал таа пречка – непотребно губење време. Секако, за на работа морал да користи лозинка со минимум 8 знаци, од кои една голема буква, бројка и специјален знак и не смеела да се повторува со ниедна претходна.
Тогаш тој се сетил на советот од својот поранешен шеф: „Користи лозинки за да си го промениш животот.“ Бил болно свесен за целта што треба да ја постигне, бидејќи се чувствувал емотивно изгубен. Тогаш му светнало – новиот пасворд ќе му биде: Forgive@h3r (Опрости ѝ).
Оваа лозинка тој морал да ја впишува по неколку пати на ден, секој ден кога ќе му се заклучел компјутерот, цел еден месец. Овој едноставен чин му го променил начинот на кој дотогаш размислувал за својата поранешна сопруга, за својот брак и депресијата во која сѐ повеќе тонел. Расположението драстично му се подобрило, а веќе на крајот на втората недела почувствувал дека лозинката станува помалку ефективна. Му се чинело дека навистина ѝ опростувал секојпат кога ќе пишел Forgive@h3r.
После тоа сфатил дека лозинката, односно мантрата која ја повторувал секој ден може да влијае на неговиот живот, да го промени она што отсекогаш сакал да го промени, а не бил доволно силен, да излечи болка, да постигне нови цели.
После месец дена користење на лозинката Forgive@h3r, ја променил во Quit@smoking4ever (Престани да пушиш засекогаш). Престанал да пуши речиси преку ноќ.
Ова се уште неколку негови пасворди од кои дел успешно му го промениле животот:
- Save4trip@thailand (Штеди за патување на Тајланд) – Отишол таму после 3 месеци.
- Eat2times@day (Јади 2 пати на ден) – Во ова не успеал, сѐ уште има проблем со килограмите.
- Sleep@before12 (Легнувај да спиеш пред полноќ) – Успеал.
- Ask@her4date (Покани ја на состанок) – Успеал и повторно се заљубил.
- No@drinking2months (Немој да пиеш 2 месеци) – Успеал и се чувствува многу подобро.
- Get@c4t! (Набави мачка) – Успеал, има прекрасна мачка.
- Facetime2mom@sunday (Разговарај со мама преку Фејстајм во недела) – Успеал, разговараат секоја недела.
- Save4@ring (Штеди за прстен) – Ова е неговата последна лозинка за која бил сигурен дека ќе му го промени животот. На 21 јуни, таа рекла „да“.
Маурисио сфатил дека пасвордот навистина може да му го промени животот ако тоа го „одигра“ како што треба. Сега нестрпливо чека секој месец за да направи промена во лозинката со цел да си постави нов предизвик пред себе. Овој метод го користи веќе 2 години. Се работи за мали навики, кои можат да имаат големо влијание врз неговиот живот. Затоа одлучил да го сподели со светот.
Se pishuva prosti, an ne oprosti -_-