Еве како душата ги одбира родителите уште пред раѓањето на детето

Еве како душата ги одбира родителите уште пред раѓањето на детето

Сигурно сте чуле за „старите души“. Според ова верување сите се раѓаме по неколку пати. Додека телото старее и умира, душата одново се обновува и се раѓа во друг облик. Душата може да се разбуди во кое било тело и во кое било време.

Еве како душата ги одбира родителите уште пред раѓањето на детето

Повторното раѓање е нешто низ што сме поминале многу пати, но немаме сеќавање за тоа, и тоа е така со причина.

Понекогаш нѐ раѓаат истите родители што сме ги имале и во претходниот живот, а понекогаш не. Присуството на одредени луѓе во нашите животи се одредува од нашето заедничко поврзување со изворот, пред повторно да се вратиме во живиот свет.

Овие карактеристики се бришат од нашите сеќавања, како и самиот избор на семејството во кое сме предодредени повторно да се родиме.

Сите самите ги одбираме лекциите кои ќе ги научиме во текот на животот, самиот живот кој сакаме да го живееме и сѐ останато. Со самото тоа ги одбираме и родителите и партнерите кои ќе ги имаме во следниот живот и кои ќе не научат на тие животни лекции.

Така, ако во овој живот сте исклучително блиски со некоја личност, многу е голема веројатноста во следниот живот да си ги замените улогите.

Таканаречените „духовни договори” се карактеризираат со параметри како што се времето, датумот и местото на раѓање на една личност, како и нејзината идна фамилија, вклучувајќи ги и сите случувања кои може да ги искуси, уште пред почетокот на физичката смрт. Сѐ е однапред одредено, многу порано од првото земање здив кога ќе дојдеме на свет.

Никогаш нема да се сетите на одлуките што сте ги носеле кога сте биле „во облик на дух“, но тие одлуки со сигурност ќе ве водат низ животниот пат кој сте го избрале самите. Заради тоа, имајте разбирање и трпение за работите што ви се случуваат.

Сите луѓе, на еден или друг начин, прават „духовни договори“ со себе, кои се осмислени така за да им помогнат да се развијат на духовно (високо) ниво на свест.

Ако запознаете некој кој ви изгледа многу познат, тоа може да значи дека одамна сте дошле во духовна врска со него.

Исто така, ако моментално ви се случува нешто чудно и несфатливо, верувајте дека на крајот сѐ е со цел. Сите имаме тенденција да се враќаме на оваа планета и да се сретнеме со истите души.

Нашиот свет е многу мистериозно место во кое сѐ се случува со причина. Но, верувајте дека секогаш го правите она што вашата душа сака да го правите.

Додека стареете, не заборавајте од овој живот да ги извлечете најдобрите можни лекции за вашата душа да биде горда на вас кога ќе дојде време да се разделите.

Дознајте дали имате стара душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар