Еспресо или капучино? Омиленото кафе го открива вашиот стил

Еспресо или капучино? Омиленото кафе го открива вашиот стил

Изборот на удобната дневна комбинација и утринското кафе се совршен пар! Овој хит неодамна се појави на Инстаграм каде што голем број луѓе од различни земји во светот ги споделуваа своите комбинации со шолја кафе. Пронајдете го вашето омилено кафе и откријте што тоа открива за вашиот моден стил.

0-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_

Црно кафе – Минималистички стил

Како вистинска градска девојка, сакате да избирате елегантни парчиња. Вашиот плакар е полн со неутрални модни парчиња, бидејќи вие најдобро знаете да ги комбинирате црната и белата боја. Без напор и со вистинска мера – тоа го покажуваат вашата шолја кафе и вашиот плакар.

1-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_

Лате – Опуштено и кул

Опуштено и кул – баш како вашиот плакар кој го сочинуваат широки кошули, опуштени фармерки и старки. Константно барате модни инспирации од познатите на интернет страниците и уживате во лежерниот стил, баш како што е кафето лате полно со уживање.

2-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_

Еспресо – Градска девојка

Не се плашите да ја покажете вашата личност која се огледува во вашето омилено кафе и во вашиот стил. Обожавате да ги комбинирате најактуелните модни детали за кои понекогаш е потребно голема смелост. Знаете да изгледате убиствено добро, посебно кога ќе го споите ова јако кафе со вашиот доминантен стил, но и став.

3-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_

Ледено кафе – Тренди

Во тек сте со најновите трендови и дизајнерски колекции – и тоа мора да се најде во вашиот плакар. Ги следите актуелните модни ревии чии распоред го знаете со месеци однапред. Класиката за вас е досадна! Вашето селфи не е комплетно ако во раката немате ледено кафе и последните чевли од Александер Ванг на нозете.

4-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_

Капучино – Класична девојка

Какво е кафето таков е и вашиот стил – класичен и усогласен. Кога не го носите својот капут, тогаш често знаете да ги зачините работите со некој крзнен капут наследен од вашата баба. Плакарот ви е исполнет со класични и безвремени парчиња кои можете да ги носите со години.

5-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_

Лате со облици во пената – Уметник

Кафето и ксесоарите ги избирате исклучиво врз основа на Инстаграм и трендовите. Прстените и алките во силни бои во комбинација со совршениот облик во шолјата за кафе ја сочинуваат совршената слика, баш како и вашиот моден стил.

6-espreso-ili-kapuchino-omilenoto-kafe-go-otkriva-vashiot-stil-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар