Ескалибур – највисоката вештачка карпа за качување
37-метарската вештачка карпа за искачување „Ескалибур“ е вистински предизвик за алпинистите. Се наоѓа во холандскиот град Гронинген, во спортскиот комплекс Klimcentrum Bjoeks, и засега важи за највисока вештачка карпа. Потеклото на нејзиното име е повеќе од очигледно. Наликува на меч, но со големина колку една 12-катница.Карпата не е наменета само за професионалци во овој спорт, туку за сите заинтересирани. Секој може слободно да ги испроба своите можности. Колку погоре се качувате, толку искривувањето на карпата е поголемо. Отклонот од дното до врвот изнесува цели 11 метри. За некои ескалибур е детска игра, но за други недостижна цел. Како и да е, на оваа височина дури и најискусните добиваат вртоглавици.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Највисоката вештачка карпа од 7метри???Молим???
Чоек A, ај прочитај поубаво или тргни го миљенцето од левата страна на компјутерот .. пишува”37-метарската вештачка карпа”!!!!!