Еротскиот парк „Loveland“
Во 2004 година, Јужна Кореја одлучи да им стави крај на секс-табуата и да отвори парк на еротиката, наречен „Loveland“. Тој се наоѓа на егзотичниот остров Џеџу, познат и како „корејскиот Хаваи“. Паркот чие второ име е „градина на љубовта“, содржи 140 скулптури на луѓе во најразлични секс-пози. Тие се главните виновници за драстично зголемената посетеност на и онака омилениот тропски рај за туристите, кој до отворањето на паркот беше обожуван заради неговата уникатна природа. Станува збор за најголемиот остров во државата, лоциран на околу 100 километри од нејзините брегови.Идејата за еротскиот парк со големина на две фудбалски игралишта е на 20 уметници, студенти на универзитетот „Hongik“ во Сеул. Нивната цел била да ja опуштат корејската младина кога станува збор за сексот и да ù помогнат во созревањето. Посетителите на овој еротски парк мора да имаат навршено 18 години. За малолетните деца пак, постои посебна зона за играње, додека ги чекаат возрасните да ја завршат обиколката на „Loveland“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
телото на третата слика ?