Елон Маск објаснува зошто традиционалниот систем за образование е бескорисен

Елон Маск објаснува зошто традиционалниот систем за образование е бескорисен

Во едно неодамнешно интервју, Елон Маск објаснил зошто традиционалниот систем за образование е всушност бескорисен. Елон е извршен директор на SpaceX и Tesla Motors, основач на SpaceX и коосновач на PayPal.

Елон Маск објаснува зошто традиционалниот систем за образование е бескорисен

Во интервјуто тој изјавил:

„Мислам дека нема поента во учењето на повеќето работи што ги учат луѓето бидејќи никогаш не ги користат во иднина и на децата на училиште не им е ни јасно зошто се таму.“

Елон открил дека во минатото неговото искуство со училиштата било ужасно и било проследено со малтретирање и лекции кои ниту биле вредни, ниту интересни. Елон дури не го ни интересира дали неговите вработени имаат универзитетски дипломи. Во 2014-та година тој изјавил дека формалното образование не му е приоритет.

„Дури нема ни потреба да имате универзитетска диплома, ниту средно училиште. Ако некој заврши на добар универзитет тоа може да биде показател дека е способен за големи нешта, но не секогаш.“

Елон пишувал за оваа тема и во неколку објави на Твитер. Минатата година некој корисник напишал:

„Не можете да успеете во животот без диплома. Токму поради ова ви е потребно образование ако сакате да се запишете на Харвард.“

Елон одговорил:

„Тоа не е вистина. Не го мешај образованието со едукацијата. Јас не бев на Харвард, но луѓето кои работат за мене биле.“

Елон го применува она во коешто верува и кај неговите деца. Во 2015-та година тој открил дека направил училиште за неговите деца за тие да можат да ги следат нивните патишта за учење.

„Не гледав дека обичните училишта ги прават нештата што мислам дека треба да бидат направени. Некои луѓе сакаат англиски или јазици. Некои луѓе сакаат математика. Некои луѓе сакаат музика. Различни способности, различни времиња. Има повеќе смисла да се оформи образованието за да се согласува со нивните способности.“

Потоа тој објаснил како искуството е многу поважно за децата да можат да запомнат нешто и да смислуваат одговори за прашањата.

„Важно е да се учи решавањето на проблеми, или да се изучува проблемот, а не алатките. Замислете си дека сакате да им покажете на луѓето како работат моторите. Потрадиционален пристап би било да речете: ‘Ќе ве научам сè за шрафцигери и клучеви’. Ова е навистина тежок начин да се направи тоа.“

Елон објаснил дека е подобро да им дадете да расклопат мотор и самите да сфатат како работи.

„Како ќе го расклопите? Ќе ви треба шрафцигер. Шрафцигерот служи за тоа. И тогаш ќе се случи нешто многу важно – употребата на алатите станува очигледна.“

Погледнете и кои се најважните правила за продуктивност на работното место според Елон Маск.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар