Елиминирањето на овие 2 збора од вашиот речник ќе ве направи поуспешни

Елиминирањето на овие 2 збора од вашиот речник ќе ве направи поуспешни

Начинот на кој зборуваме го оформува нашето однесување и има огромен ефект врз тоа како луѓето нè перципираат. Промената на еден збор со друг може да направи голема разлика во начинот на кој им се приближуваме на нашите животни цели и аспирации. Ваквиот став го изнесува Бернард Рот, професор по инженерство на Унивезритетот Станфорд и академски директор на Институтот за дизајн „Хасо Платнер“, кој во својата нова книга „Навиката на достигнувањето“ предложува неколку лингвистички трикови кои гарантираат поуспешна иднина.

Елиминирањето на овие 2 фрази од вашиот речник ќе ве направи поуспешни

1. Заменете го „но“ со „и“

Можете да кажете: „Сакам да одам на кино, но имам работа“.

Наместо тоа, професорот Рот предложува да кажете: „Сакам да одам на кино и имам работа“.

„Кога го користите зборот „но“, вие само си создавате конфликт и понекогаш причина која што често не постои. Со други зборови, можете и да одите на кино и да ги завршите работните обврски. Само треба да најдете решение“, вели професорот.

„Од друга страна, со користењето на зборчето „и“, вашиот мозок одлучува како ќе се справи со двата дела од реченицата“, пишува проф. Рот.

Можеби решението е да погледнете пократок филм и правилно да ја селектирате работата.

2. Заменете го „морам“ со „сакам“

Професорот Рот препорачува една едноставна вежба: Наредниот пат кога во своите мисли ќе си речете „морам“, заменете го тој збор со „сакам“.

„Оваа вежба е многу ефективна и им помага на луѓето да разберат што е она што навистина сакаат да го прават во својот живот. Дури и оние работи кои се непријатни се всушност нешто што тие самите би го избрале“, објаснува тој.

На пример, еден од студентите на Рот сметал дека му е потребно да зема часови по математика за успешно да ја совлада материјата од неговата избрана студиска програма, иако не сакал да го направи тоа. Во еден момент, откако ги завршил часовите, сфатил дека не само што му требале туку и дека потсвесно сакал да присуствува на нив, бидејќи користа од завршувањето на студиските задачи била поголема од неудобноста која ја чувствувал додека седел на часовите во кои не уживал.

Овие трикови се базираат врз една клучна компонента во стратегиите за решавање на проблемите, наречена „размислување по дизајн“. Кога ја применувате оваа стратегија вие всушност се обидувате да го предизвикате своето автоматско мислење и да ги гледате работите онакви какви што навистина се. А, кога експериментирате со поинакви ставови, ќе заклучите дека проблемот не е толку нерешлив како што изгледа и дека имате многу поголема контрола врз својот живот отколку што мислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар